ЦИВИЛ во соработка со Општина Кочани денеска одржа мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“ во Кочани.
Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, чија цел е промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата, со посебен фокус на младите. Mултимедијалниот настан за мултикултурализам се одржа и во пресрет на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попречености, за чии права и достоинствен живот ЦИВИЛ постојано се бори и ја подига свеста на општествено и институционално ниво.
Проектот „Заедно за подобра иднина“ ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Фотографија: Горан Наумовски
Преземено: Цивил Медиа