ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вал: Зголемување на капацитетите за откривање на мало и лесно оружје и подигање на јавната свест – дел од мисиите на ОБСЕ

December 1, 2023 14:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ОБСЕ

ОБСЕ

Share on FacebookShare on Twitter

Мисијата на ОБСЕ во 2023 година се фокусираше и на спроведување проекти за мало и лесно оружје (МЛО), како што е подобрување на капацитетите во полицијата за нивно откривање, но и подигање на јавната свест за опасностите од нивно користење, порача денеска амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Тој во своето обраќање на настанот „Се работи за луѓето – влијанието на теренските операции на ОБСЕ во 2023 година“, што се одржа во рамките на 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје, го спомена и проектот за градење на капацитети во полицијата за откривање на МЛО, како што е единицата за службени кучиња, но и поддршка на работата на Национална комисија за мало и лесно оружје.

Исто така, потенцираше, активно се работеше и на подигање на свеста за опасностите од користење на ова оружје.

Како што појасни, фокусот беше ставен и на подобрување на верификацијата на деактивирање и уништување на огнено оружје.

Настанот денеска ни помага да се осврнеме на успешната работа на нашите тимови кои ја вршеа во текот на оваа година и на нивната секојдневна посветеност за луѓето, но и да се потсетиме на успешното партнерство што го имаме со институциите во општеството. Најголемиот фокус на нашата мисија беше токму МЛО, посочи Вал.

Тој информираше дека во 2022 година во Југоисточна Европа се регистрирани 276 случаи на оружја и муниција на граничните премини, а под 500 оружја се запленети, што претставува само мал дел од вкупниот трансфер на оружја.

Дел од оружјата се користени од криминални групи, а другите пак, завршуваат во рацете на терористите.

ОБСЕ

Министерот за надворешни работи и претседавачот со Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Бујар Османи во своето обраќање на настанот подвлече дека мисијата на ОБСЕ во Скопје континуирано даваше значајна помош на нашите институции и на граѓаните.

За жал, како што подвлече, предизвиците со кои се соочивме последниве години ја засени важноста на динамиката на мисиите на ОБСЕ, но успешноста на овие мисии се од голема важност за придобивките на луѓето и нивниот секојдневен живот во општеството.

Оваа 2023 година не беше најлесната година, но ние се обидовме да додадеме значајна важност на мисиите на ОБСЕ. Тоа е нешто што ја отсликува важноста на самата Организацијата и и дава поголема легитимност, рече Османи.

ОБСЕ

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид на обраќањето на денешниот настан посочи дека безбедноста на луѓето, екологијата во општеството и напредокот на економијата се од клучна важност во секое општество и токму затоа се многу значајни мисиите на ОБСЕ.

Позитивно сум изненадена од посветеноста и одлучноста на Северна Македонија за обезбедување на поголема безбедност во општеството и остварување на основните принципи на ОБСЕ. Ние испорачавме повеќе од 300 програми во државата, кои се сведуваат најмногу на заштита и безбедност. На крајот сепак можам да констатирам дека сето ова навистина се однесува за луѓето. Без посветената работа на Северна Македонија немаше да стигнеме до целта, подвлече Шмид.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
ОБСЕ

На маргините на ОБСЕ Самитот усвоена заедничка изјава за безбедност на новинарките

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk