ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

На маргините на ОБСЕ Самитот усвоена заедничка изјава за безбедност на новинарките

December 1, 2023 14:24
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
ОБСЕ

ОБСЕ

Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 46 од 57 земји членки на ОБСЕ се согласија на заедничка изјава за безбедност на новинарки во која стои дека како приоритет ќе биде ставено клучното прашање за безбедноста на новинарките на интернет и на меѓународната сцена, и во соодветните национални контексти.

На маргините на 30. Министерски состанок на ОБСЕ што се одржува деновиве со Скопје, министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, истакна дека прогресот единствено може да биде постигнат со инклузивност.

Достигнување на инклузивност значи дека мора да ги дуплираме напорите за да се избориме со родово- базираното насилство, онлајн и офлајн, рече тој.

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Тереза Рибеиро, на настанот истакна дека ако немаме пристап до јавно место и право на изразување, тогаш нашата демократија и плурализам не ја постигнале целта.

Има многу новинарки кои што се под константен притисок и се самоцензурираат или ја напуштаат професијата, што значи дека го губиме гласот и влијанието врз демократијата и плурализмот е повеќе од очигледно, рече таа.

Jан Борг, министер за надворешни работи на Малта и иден претседавач со ОБСЕ, истакна дека се тука, како идни претседавачи, како што рече, да осигураат дека ова прашање ќе продолжи да биде еден од приоритетите.

Министерот Борг ја прочита заедничката изјава на која се согласија 46 земји, и тоа: Албанија, Андора, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Молдавија, Монако, Црна Гора, Холандија, Северна Македонија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Сан Марино, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Украина, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави.

Имајќи го предвид алармантниот тренд на онлајн насилство и дезинформации кои несразмерно ги таргетираат жените-новинарки, со сериозни последици за плуралноста и демократијата, со оглед на тоа што речиси три четвртини од жените новинарки искусуваат родово базирано насилство на интернет во текот на нивната работа, изјавата апелира на зголемени заеднички напори кои ќе се осврнат на безбедноста на новинарките, и онлајн, и офлајн.

Во неа стои дека како приоритет ќе биде ставено клучното прашање за безбедноста на интернет за жените новинарки и на меѓународната сцена и во соодветните национални контексти кое ќе биде постигнато преку неколку чекори, како што е приспособување на родова перспектива, обрнување внимание на повеќекратните и вкрстени форми на дискриминација, зајакнување на напорите за собирање податоци, анализа и известување за случаи на родово засновано насилство преку Интернет, зајакнување на меѓусебната соработка за поттикнување на инклузивен, родово одговорен пристап од целото општество, како и посветување доволно човечки и финансиски ресурси за справување со онлајн родовото насилство врз новинарките.

– Jа нагласуваме виталната важност од поддржување на слободата на медиумите, усвојување на родова перспектива во нашиот пристап за почитување, заштита и исполнување на правото на слобода на изразување, како и зајакнување на психолошката и физичката безбедност на новинарите, и офлајн и онлајн, стои во изјавата.

Преку изјавата, земјите упатија повик за акција до сите земји-членки на ОБСЕ, да се придружат во зголемувањето на напорите да се залагаат за слободата на медиумите и родовата еднаквост во регионот на ОБСЕ.

Next Post
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Невиден срам за „медиумските ловорики“ по пресот на Лавров

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk