ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ако ѝ вртиме грб на историјата ќе наебеме, нормално!

December 3, 2023 10:14
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Замина ли Сергеј?

Фон Рибентроп.

Или остана да купи „опел“ во салонот на Мицкоски.

Половен.

Со идеја да го шитне во Русија и да се збогати.

Има таму олигарси кои за западна кола и г’з би дале.

Освен тоа, можеби, сака да ја обезвредни изјавата на О’Браен дека од Мицкоски не би купил ни кило банани втора класа.

И не би гласал за него.

Ко и Тричковски.

Со таа разлика што јас за него не би гласал и кога денеска би го кажал магичното решение за најпростиот македонски проблем: како да стоплиме вода под бугарски диктат!?

Или ќе се тушираме со ладна вода.

Јас сум со Америка и Европа и не ги ебам руските вршители на работите.

Во таа западна култура сум формиран.

Уште од времето кога навивав за Кенеди против Хрушчов, за Битлси, за Лејкерси и Меџик Џонсон, но најмногу за Џордан, па за Грин беј Пакерси, за Аполо со сите бројки, за Боинг и да не набројувам, сѐ до Стив Џобс Епл и ајфон, за Бил Гејтс, за Фуко и Бодријар, за Сузан Сонтаг и Симон Вејл, за Ив Монтан и Жана Моро, за Мерцедес, Хајдегер и Хабермас, за Бетовен и Моцарт… за Серџо Ендриго и Масимо Раниери, за Мина и Милва.

За Советите, интересна работа, навивав само во хокеј, нивната репрезентација и сега можам да ја издиктирам со сите три напади и го сакав кошаркарскиот имењак на министерот, господинот Белов.

Сергеј Белов.

Во тој свет јас сум направен ваков каков што сум.

А и Македонија е формирана таму.

Камчатка од неа не бидува.

Двајца канадски доктори раскажувале како вршеле трансплантација на кожа на некоја пациентка при што едниот доктор рекол дека тој ќе биде донатор и дека низ неколку хипнотички сеанси операцијата ќе биде успешна.

Што мислите како завршила операцијата?

Како пресадувањето на пирински идентитет на Македонците преку хипнотичките сеанси на вмро-дпмне.

Хахаха!

Со други зборови, и пациентката на канадските доктори и Македонија на вмронските специјалисти, завршиле како жртви на сексуално насилство со тоа што кожата кај канаѓанката и по неколку пенетрации не успеала да се фати, а кај Македонците планинскиот идентитетот на одлепеност од стварноста им е фатен и не ги пушта.

Јеби га!

Кога имате кодирана неспособност за возвишеност, тогаш односот станува лага. Во љубовта и во политиката, таа лага го исполнува просторот и меѓусебните релации и ја истиснува вистината, но поважно е дека отсуството на способноста да се демонстрира возвишеност ја истиснува човечноста. Човек без таков код не престанува да биде човек, но од човечноста задржува само некои елементарни функции. Без восхитот, тагата, фасцинацијата и внатрешниот трепет што ги предизвикуваат тие чувства, човекот ги изневерува напорот на Господ и обдареноста што му ја подарил.

Го заборавив името на филозофот кој рекол дека човекот престанува да биде човек кога ќе ја загуби страста.

Јас додавам: и срамот+стравот!

Да ти каже некој, кого по дефиниција мораш да го респектираш и поради позицијата на висок претставник на најмоќната држава во светот и поради паметта што ја демонстрира, разумноста и рзбирливоста на излагањето за твојата држава, а и поради сопствената позиција и одговорност, дека никогаш не би гласал за тебе затоа што твоите  политики ги смета за некредибилни и нетранспарентни и дека од тебе никогаш не би купил ниту половно возило, а ти да ќутиш ко пичка, тоа е не само отсуство на возвишеност, тоа е знак за неподнослива потонатост која не е само прашање на културниот идентитет, туку и на опасните намери.

Затоа што тој, Мицко, не е сам, тој ако е макар малку нормален мора да води сметка како со своето однесување како политички функционер ќе влијае врз мене, мојата фамилија и целата држава.

Не е тој на таа позиција за да се води по личните каприци и емоции, туку да се грижи за општото добро во рамките на светската реалност.

Да не ѝ врти грб на историјата во името на сите.

И еве, сакам тука да ја прашам државата што уште треба да се случи за да се преземат мерки за заштита на државата од евидентниот внатрешен непријател.

Мерките против нив не се без ризик, тоа сите го знаеме, но отсуството на мерки против непријателот е многу поопасна варијанта.

Но, да ја завршам претходната мисла: уште пострашно е кога кодот за возвишеноста е лажен, односно пресаден низ секојдневните хипнотички сеанси на медиумите под контрола на партијата на злото. Тука возвишеноста е поза, патриотска прдешка, возвишеноста е лага, но односот е стварен и трагичен.

Добар дел од јавниот простор во Македонија е претворен во задругарска академија во која царува затворска психијатрија односно психопатологија.

Луѓето се навлечени на тој формат во функција на една или две политички партии и некои надворешни влијанија.

Сѐ е негативно.

Тоа е амбиент во кој нормалниот живот не е можен.

Тој контраст меѓу Македонија и претставата што за неа е формирана кај голем дел од нејзините граѓани, е фасцинантен.

Ако е суштината на филозофијата чезнеењето по својот крај, желбата секаде да се биде како да си дома, Македонецот се обидува подвигот на филозофијата да го оствари со досетки, искривувања на стварноста, со лага, со сеир, злоба во името не само на партијата која тоа му го плаќа, туку во името на слободата од сите критериуми на пристојноста и културата, на знаењето и моралот.

Всушност се претвораме во земја на канибали.

Последниот сѐ уште не сме го изеле, но, на добар пат сме.

Гротовски сугерира дека секој има свој анимален имаго. Како и оној што е  регресивен, добар, инфантилен. Кај некои луѓе двата имага се гротескни, карикатури, самопародии, ерупции на лудило. Кај некои замислуваме дека и двата се убави односно дека водат кон прочистување и подобрување на човековиот стил.

Ние во Македонија ја поминавме таа фаза на коегзистенција на лудоста и нормалноста.

Доаѓа моментот кога ќе мораме да се решиме какви ќе бидеме и дали воопшто ќе бидеме.

Дали ќе ја земеме отворената понуда на масата или ќе ѝ свртиме грб на историјата (О’Браен), а земјата и статусот на луѓето ќе ги уназадиме до исчезнување.

Во нормални околности, одговорот несомнено би бил позитивен, но нацијата е под жестоко дејство на телевизијата како главен брутализирачки фактор која  го менува целиот ритам на животот, личните односи, општественото ткиво, етиката.

Границите на мојот јазик се граници на мојот свет, рекол Витгенштајн и тоа го поткрепил со следната сентенца: Да замислиш некој јазик, значи да замислиш некој начин на живот.

Точно.

Нашата граница ни е под џамот.

Тоа го диктира јазикот.

Не само физичката граница туку и менталната, односно когнитивната граница е на три чекори од нас. Симнете ја комплетната национална продукција од Фејсбук и од сите телевизии и ќе видите каква е тоа сиромаштија од зборови, фрази, дух. Од мали можности да се разбереме самите себе и светот околу нас.

Нашиот начин на живот е сто пати подобар од нас.

Тоа значи дека не можеме сами да ги решаваме сите сложени ситуации во кои или нѐ вовлекува светот или се вовлекуваме сами со ограничените капацитети на јазикот, мислата и духот.


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk