ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шпанската полиција заплени речиси еден тон кокаин на Балканскиот картел

December 3, 2023 11:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, СВЕТ

Шпанската национална полиција во заедничка акција со царинските службеници во јужното пристаниште Алгесирас заплени речиси еден тон кокаин сокриен во контејнери испратени од Јужна Америка, а дрогата припаѓала на Балканскиот картел, објави полицијата на својата веб-страница.

„Балканскиот картел во моментов е најактивен на европско ниво“, се вели во соопштението.

Полицијата тврди дека латиноамериканските групи му испраќаат кокаин скриен меѓу легални стоки во контејнери кои пристигнуваат со брод во шпанските пристаништа. Акцијата започна по дојава за пристигнување на контејнери со „значително количество кокаин“ во Алгесирас, едно од најголемите пристаништа во Шпанија, во провинцијата Андалузија.

Агентите кои подолго време ги истражуваат активностите на Балканскиот картел имале и информации дека оваа група составена од граѓани од територијата на поранешна Југославија барала начин да го преработи тој кокаин. Истовремено, од Колумбија добиле предупредување дека брод од Еквадор, кој се закотвува во Колумбија, има намера да транспортира кокаин до пристаниште во Шпанија.

Полицијата го идентификувала бројот на бродот, а кога запловил во Алгесирас, инспекторите ги отвориле контејнерите и пронашле 415 килограми од дрогата. Врз основа на нови информации дознале дека во Алгесирас пристигнува уште еден контејнер со дрога, па во него пронашле дополнителни 500 килограми кокаин, се наведува во соопштението.

„Проблемите во истрагата за членовите на овие организации лежат во нивната мобилност. Тие се во состојба да патуваат илјадници километри за да одржат состанок. Истрагата продолжува со цел да се идентификуваат сите членови на мрежата и да се уапсат“, извести шпанската полиција.

Засега не се знае дали некој е уапсен при откривањето на контејнерите со кокаин.

Г. Т.

Tags: Балкански картелЗапленакокаинШпанска полиција
Next Post

Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk