Кривичниот суд во Скопје на предлог на скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски првоосомничениот во убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
-За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, стои во соопштението од Јавното обвинителство.
Претходно, Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски.
– Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје, објавено е на веб страницата на МВР.
Поврзано: