ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Полиграф“: кој објави дезинформации за исчезнато бебе на скопските клиники?

December 4, 2023 10:24
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Случајот со дезинформацијата за исчезнато бебе покажува како дезинформациите на порталите и на социјалните мрежи можат да ја вознемират публиката.

На 24.11.2023, порталот „press24.mk“ објави наслов „Исчезнато е бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство“. Во текстот, кој се повикува на ТВ Сител како извор, се вели: „Исчезнато е бебе на Универзитетска клиниката за детски болести. Моментално таткото на детето е во полиција на распит за целиот овој случај, по што подоцна ќе бидат откриени повеќе информации, пренесува Сител“.

Во прилогот „ВО ЖИВО: Семејство пријави исчезнато бебе на Клинички, полицијата бара каде се губи трагот“,  емитуван во вестите на Сител од 16 часот, има порака во кајрон: „Исчезна бебе на скопските клиники?“. Но, репортерката на Сител пред Клиниката споделува и информација од Министерството за здравство дека „нема дете кое што недостасува“.

„Но, според оние информации што ни ги кажаа и од Министерството за здравство, коишто се во контакт со менаџерите на Клиниката за детски болести, е дека се проверени сите оддели на клиниката за детски болести и дека нема дете кое што недостасува“, информираше репортерката на Сител.

Како што се гледа, во сензационалистичкиот наслов на Сител ја нема информацијата од Министерството за здравство објавена во прилогот, дека „нема дете кое што недостасува“.

Неколку часа по објавата на „press24.mk“, и Клиниката за гинекологија и акушерство испрати демант во кој се тврди: „На клиниката во текот на 2023 година ниту еднаш не дошла на преглед пациентката која сега дава неточна изјава поврзана со исчезнување на бебе, а вие ја пренесувате“. Во демантот, објавен на Press24, се тврди и дека „се шират во јавноста невистини со цел да се создаде недоверба и паника кај сите корисници на нашите услуги“.

Меѓутоа, и покрај демантите на клиниките, дел од порталите продолжија да објавуваат сензационалистички наслови „драмата сеуште трае“ и да известуваат за „случајот со исчезнатото бебе“.

По овие објави, медиумите објавија информација од МВР дека пријавата била лажна.

Што е поуката од овој случај? Медиумите имаат етичка должност да не објавуваат непроверени информации, особено не на сензационалистички начин, во живо, пред здравствените установи.  За жал, дури и по овие објави со кои создадоа паника во јавноста, дел од медиумите не ги демантираа објавените невистини за исчезнато бебе, ниту пак им се извинија на граѓаните за предизвикувањето непотребна паника и недоверба во здравствените институции.

Преземено: СМК

Next Post
Фото: МИА

Соученици, другари, родители, граѓани се потпишуваат во Книгата на жалост во ОУ „Јохан Хајнрих - Песталоци" за почината Вања Ѓорчевска

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk