ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Лога: Насилството врз жените и девојчињата не смее да биде приватна работа, кривична одговорност мора да има

December 5, 2023 17:33
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Насилството спрема жените и девојчињата е меѓу најзастапените повреди на човековите права. Тоа не смее да биде приватна работа и мора да има соодветен кривично-правен одговор. Поради тоа неопходно е нашите активности да вклучуваат криминализирање на делата на насилство кон жените и девојчињата. Ова го истакна министерот за правда Кренар Лога на регионалната конференција „Обединети против насилство – Доста е“ која се одржа во Приштина.

На глобално ниво податоците покажуваат дека повеќе од пет жени или девојки се жртви на убиства секој час од некој во нивното семејство. Речиси секоја трета жена била изложена на физичко и/или сексуално насилство барем еднаш во животот. Вкупно 86 отсто од жените и девојките живеат во земји без правна заштита од родово базирано насилство.

– Со годинашната кампања инвестирај за превенција на насилството спрема жените и девојчињата се приклучуваме на 16 дена активизам против родово базираното насилство, кој започна на 25 ноември на Меѓународниот ден за елиминација на насилството спрема жените, а ќе заврши на 10 декември, кога ќе го одбележиме Денот на човековите права, изјави Лога.

Министерот за правда Лога потсети дека Македонија беше меѓу првите земји која во 2011 ја потпишаа Истанбулската конвенција, која влезе во сила во јули 2018 година. Во февруари 2023 година е донесен Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, со кој се изврши хармонизирање со Истанбулската конвенција.

Првпат се криминализира родово базираното насилство врз жените кое означува насилство насочено против жената поради нејзина припадност на женскиот род.

Се воведуваат нови кривични дела: Фемицид, односно убиство на жена или девојче до 18 години, Осакатување на женски полови органи, Демнење и Полово вознемирување.

За да спречи виктимизација, како што се наведува, жртвите на сите форми на насилство спрема жените и девојчињата потребно е да добијат навремена и сеопфатна заштита преку сервиси и услуги за подрршка и заштита.

– Унапредувањето на системот на пристап до правда за жртвите е приоритет во програмските активности на Министерството за правда. Во 2022 година се донесе Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, рече Лога.

Истражувањето на ОБСЕ за насилството врз жените во Македонија од 2019 година покажа меѓу другото дека 45 отсто од жените доживеале психичко, физичко и/или сексуално насилство извршено од сегашен или поранешен интимен партнер.

– Значителен дел од жените во Македонија или 37 отсто посочиja дека нивните пријатели би се согласиле дека жената треба да го слуша својот сопруг. Речиси половина сметаат дека семејното насилство е приватна работа и треба да се постапува во рамките на семејството, а 32 отсто сметаат дека е важно мажот да и покаже на својата партнерка кој е шеф. Овие традиционални верувања претставуваат значителен предизвик за борба против насилството врз жените во Македонија, стои во соопштението од Министерството за правда.

Tags: КРЕНАР ЛОГАНасилството врз жените
Next Post

Премиерот Ковачевски во работна посета на Брисел

НАЈНОВО

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад

November 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Орбан продолжува со цинизмот: Ја спореди итната помош за Украина со „воткa за алкохоличар“

November 17, 2025

Неизвесно снабдувањето со гориво во Србија по 1 декември

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk