ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Манолева: Здравствениот третман и грижа за жртвите од сексуално насилство, еден од приоритетите

December 5, 2023 16:23
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здравствениот третман и грижа за жртвите од сексуално насилство е еден од приоритетите на Министерството за здравство, рече заменик- министерката за здравство, Маја Манолева.

Манолева, во своето обраќање на настан во рамки на кампањата „Сложувалка“ денеска во Скопје, рече дека активно функционираат трите центри за заштита од сексуално насилство, на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, во Клиничка болница Тетово и во Општа болница Куманово, каде се применува мултисекторски пристап кон лицата жртви на сексуално насилство.

-Во центрите сите услуги се бесплатни, односно на жртвите не им се бара ниту документ за идентификација, ниту финансиски средства. Тие се пристапни и адаптирани за лицата со попреченост и во нив се поставени хидраулични гинеколошки столови. На секој центар е назначена координаторката од јавната здравствена установа, најчесто психолог, социјален работник или главна медицинска сестра, која во случај на доаѓање на жртвата веднаш го повикува тимот. Во центарот жртвата може да остане 72 часа, за кој период и се обезбедува севкупна здравствена грижа. Целта е во најкраток временски рок да се обезбеди сеопфатна услуга на лицата жртви на сексуално насилство, изјави Манолева.

Покрај тоа што се воспоставени трите центри, пшосочи Манолева, развиени се две стандардни оперативни процедури, од кои едната е за мултисекторско постапување со другите ресори, како на пример со МВР, МТСП, јавно обвинителство, судска медицина и невладините организации. – И втората процедура е наменета исклучиво за постапување на здравствените работници, односно го опфака целиот третман на жртвата од здравствен аспект, додаде Манолева.

Таа нагласи дека посебен пристап се применува доколку станува збор за дете жртва на сексуално насилство, при што задолжително се информира јавниот обвинител и центарот за социјални работи на тоа подрачје, за да се постапи согласно законската процедура за испитување, преглед и собирање докази кај малолетник.

– Министерството за здравство е партнер во кампањата за одбележување 16 дена активизам за борба против насилството врз жените и во соработка со УНФПА се отпечатени информативни материјали, постери и брошури, кои веќе се дистрибуирани во центрите и каде се наведени контактите од сите установи, од каде жртвите можат да побараат помош, поддршка и заштита – СОС линии, контакт од полиција, контакт од центри за социјална работа во сите градови низ државата, подвлече заменик министерката.

Исто така, рече, досега се обучени над 400 семејни и опши лекари со основна обука за родовобазирано насилство преку Центарот за семејна медицина. Изготвени се посебни модули и обучени се лица-обучувачи за оваа област. Реализирана е и специјализирана обука на тимовите во трите центри од лекари-специјалисти по гинекологија и акушерство за клинички менаџмент на силување.

Таа додаде дека согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, континуирано продолжуваат обуките за здравствени работници.

– Наша заложба е да се отворат најмалку уште три вакви центри во јавните здравствени установи. Посебно е значајна интерсекторската соработка, во која важен сегмент се и невладините организации, со цел заедно да придонесеме за унапредување на пристапот кон лицата жртви на сексуално насилство. Ја користам оваа прилика да укажам на одличната соработка со Министерството за труд и социјална политика, УНФПА и сите други надлежни институции, со кои заеднички работиме на оваа сензитивна тема и активно продолжуваме со кампањата посветена на борба против сите видови насилство, рече заменик министерката.

Tags: жртви од сексуално насилствоздравствен третманМаја Манолева
Next Post

Вицепремиерот Маричиќ во посета на Брисел, завршува билатералниот скрининг

EVN

НАЈНОВО

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Андонов на промотивен настан на анализа на јавното мислење за ЕУ процесите: Владата шири евроскептицизам!

January 28, 2026

Зошто искрениот пристап ги плаши неспособните

January 28, 2026

Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk