ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска: Одговорноста за корупцијата мора да се индивидуализира

December 6, 2023 14:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, учествуваше на панел дискусија во рамки на Отворениот форум за антикорупција, кој денеска и утре се одржува во Скопје, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка.  

Осврнувајќи се на темата на панелот со наслов „Дали ги исполнивме ветувањата за борба против корупцијата“, вицепремиерката Грковска истакна дека е потребно одговорноста да се индивидуализира, а не да се генерализира и сите да се ставаат во еден кош, затоа што има професионалци коишто добро си ја работат својата работа. „Прашањето е како системот да не се солидаризира, туку да ги исфрли оние кои што ставаат дамка на професијата, на одредени институции и организации“, истакна Грковска.

Вицепремиерката го истакна како позитивен фактот што граѓаните се чувствуваат слободни отворено да зборуваат и да реагираат на негативните појави и благодарение на тоа се зголемува притисокот врз институциите за преземање на итни мерки за санкционирање на корупцијата. Според неа, зголемувањето на транспарентноста и притисокот на јавноста се најдобрите начини за вршење контрола врз начинот на работа и ефикасноста на институциите.

За да се постигнат посакуваните резултати во борбата со корупцијата, потребни се вредносни поместувања во целото општество и консензус меѓу сите политички чинители, истакна Грковска, и додаде дека политичарите треба да бидат пример за однесување со интегритет и професионалност, а потоа таков систем на одговорност да се пренесе во сите сфери на општеството.

„Потребни ни се силни и отчетни институции, кои на транспарентен начин ја вршат својата функција. Но, потребно ни е да се справиме со неказнивоста и со провлекувањето на најштетните поединци во општеството низ дупките во системот кои се „подмачкуваат“ со моќ и влијание“, изјави Грковска, додавајќи дека сите мерки кои се преземаат, мора да водат кон промена на менталитетот.

Во таа насока, вицепремиерката Грковска го заокружи своето излагање истакнувајќи ја потребата да се стави фокус и да се даде поддршка на позитивните примери и рол модели во општеството и континуирано да се работи со младите на вградување вистински вредносен систем.

Next Post

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk