ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

December 6, 2023 15:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски очекува за минимум 20-тина отсто да се зголемат откупните цени за тутунот и да достигнат до 400 денари за откуп на килограм тутун од прва класа и најавува нови мерки за тутунопроизводителите.

-Тутунот е една од стратешките македонски култури со извоз од над 120 милиони евра и е најзначајна култура дури и пред виното. Токму затоа водиме голема грижа во поглед на поддршката на тутунопроизводителите. Го променивме моделот на проценување, повеќе се цени првата класа со што годишно добиваат пет милиони повеќе заради новиот модел. Подготвуваме нови мерки кои ќе ги соопштиме со носењето на годишните програми, рече Николовски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на канцеларијата на Источниот плански регион  во Штип.

Нагласи дека веќе имале средби со откупните компании и додаде дека очекуваат за минимум 20 проценти да биде зголемена откупната цена на тутунот за годинава. Некои од откупните компании, како што кажа, веќе и го најавиле тоа.

-Ние традиционално сме партнер и на производителите  и на откупувачите на тутун. Едните без другите не можат. Овие денови ќе имаме активни средби. Претседателот на Сојузот на тутунарите доби насока од нас на барање од откупните компании да ги посети откупните компании и да направи разговори со нив и да почне откупот, рече Николовски.

Посочи дека веќе е подготвен теренот за тоа и се направени сите проверки од Државниот инспекторат за земјоделство, но има и потврда од сите откупни компании дека се подготвени за почетокот на откупот и имаат обезбедено средства за тоа.

Тутунарите од Прилеп, пак, бараат цената за откуп на килограм тутун од прва класа да изнесува 600 денари.

Tags: Николовскипрва класатутун
Next Post

Решението со две држави во дваесет и првиот век

Shortcut

Најново

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk