Четири лица се повредени вечерва во престрелка во Брисел. Од локалните медиуми дознаваме дека пукањето се случило на трговската улица Avenue de la Toison d’Or, недалеку од центарот на градот, околу 19 часот. Во престрелката, полесно е повредена помошничка на член на Европскиот парламент. Таа е префрлена во болница и се наоѓа вон животна опасност.
Фронтлајн контактираше со вицепремиерот Маричиќ кој, заедно со премиерот Ковачевски, е во работна посета на престолнината на ЕУ. Тој потврди дека престрелката не е поврзана со нив и дека тој и премиерот во моментов се безбедни и се наоѓаат во хотел.
Според портпаролот на бриселската полиција, околу областа е создаден безбедносен периметар.
Според информациите од локалните радио и ТВ мрежи, учесниците во престрелката избегале од местото на настанот кога пристигнала полицијата. Околностите за пукањето сѐ уште се нејасни.
Д. Е.