ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Реализираме мерки за воспоставување на професионални стандарди во сферата на цивилното воздухопловство

December 7, 2023 11:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски присуствуваше на Конференција посветена на започнување на твининг проектот за подобрување на капацитетите и зголемување на безбедноста во цивилната авијација, во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Во своето обраќање тој потенцираше дека воздухопловството во Република Северна Македонија е високо на агендата на Владата и во таа насока се преземаат значајни мерки преку кои се подобруваат човечките и техничките ресурси и се воспоставуваат високопрофесионални стандарди во сферата на цивилното воздухопловство.

„Нашите политики во делот на авиосообраќајот веќе ги даваат посакуваните резултати и од аспект на цивилното воздухопловство и од аспект на теничката опременост на институциите. Токму 2023 година ќе биде година на постигнување на највисоки резултати во цивилното воздухопловство и по бројот на летови и по бројот на патници. Нашата крајна цел е зајакнување на меѓународните воздухопловни стандарди преку приближување на домашната легислатива со европската, со цел создавање на европска заедничка воздухопловна област. И убеден сум дека овие цели Министерството заедно со Агенцијата за цивилно воздухопловство во континуитет ги реализира”, изјави министерот Бочварски.

Тој истака дека Министерството за транспорт и врски започна со постапката за изработка на Национална стратегија за развој на воздухопловството во Република Северна Македонија, која ќе биде со важност до 2032 година, документ кој се реализира со поддршка на Европската Унија.

Преку Стратегијата треба да се создадат оптимални услови за натамошен развој на институциите, кои пак треба да обезбедат ефикасен сообраќај, како и неопходна инфраструктура со цел добивање на услуги со висок квалитет и високо ниво на безбедност во целокупниот воздухопловен систем.

Tags: Бочварскивоздухопловство
Next Post

(ВИДЕО) Лубинец: Ако вратиме по едно дете на ден, ќе ни бидат потребни 55 години да ги вратиме сите деца што се киднапирани од окупираните делови на Украина

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk