ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мојот меланхоличен септември, или рецепт за брутално насилство

December 8, 2023 12:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Интуитивно знаев дека нешто страшно ќе се случи уште во месец септември, само не знаев што точно. Знаев и тоа, поточно се чувствуваше во воздухот дека атмосферата помеѓу луѓето се менува. Меѓучовечките односи се менуваат. Го чувствував месец септември (се пипкаше со гола рака) како увертира во тескобност и меланхолија помеѓу луѓето. А потоа знаев, штом расте очајот, расте и бесот кај луѓето. Тоа го имате во сите учебници за „средношколска психологија“.

Денес, три месеци откако измина „мојот чувствителен септември“, имаме во најава што? Жалам што ова морам да ви го кажам: нема да стане збор за помирување. Туку ќе стане збор за брутално насилство. Над живите. И над мртвите.

Убиството на малолетната Вања е инкубатор за развивање на општествената реалност во Македонија. Цела земја станува центар за иновација, што, од друга страна, тешко дека некој може да биде изненаден. Што излезе од нашата „славна историја“? Ништо, погледајте ја денешната реалност, ете ви ја славната историја. Оваа земја има антифашистичка традиција, корените ѝ почиваат на партизаните и борбата против окупаторот? Да, жими задникот, така е, ама ако се лажеме. И јас, и вие и мојот задник.

„Ни мртвите нема да имаат мир ако победи непријателот“, пишува Бенџамин во својата шеста историска теза. Па додава: „А тој непријател не престана да победува“.

Сега, дозволете да ви го преведам овој исказ на Волтер Бенџамин. Дозволете ми да ви го преведам овој шармантен исказ на големиот Бенџамин:

а.) нацистите се бореа против партизаните. А партизаните се бореа за слобода и антифашизам;

б.) партизаните се бореа против фашистите. Германските нацисти во Втората Светска војна беа фашисти и окупатори;

в.) ВМРО за време на НОБ беше пасивизирана, поточно, во времето на Втората Светска војна ВМРО не постоеше; додека партизаните се борат против фашистите, ВМРО организира одбори, ги прифаќа директивите на Софиско-врховистичката страна, и преминува од страната на фашистите.

Денес, ако ги прашате вмровците, ќе ви речат – и ние сме борци за слобода и антифашисти.

На овој начин се преведува „мојот брат“ Волтер Бенџамин. И овој превод (или исчитување) е точен. А читањето на Мицковистите и својата улога во историјата е антиетичка. Поточно, лажна. Нејзиното име е лага.

Франц Кафка во романот „Процес“, пишува: „Од лаги се гради поредокот на светот“. Како во светот, така и во опозиционата Македонија. И тие, опозиционерите, мислат дека се слободари и антифашисти. Слободари и антифашисти, my ass!

Сега, скриени позади „народот“ (демек овие другиве не се народ!), ја бараат својата шанса на изборите во мај, 2024 година. Тогаш, нели, кога „народот ќе си дојде по своето“, и Македонија наеднаш ќе биде европска, инклузивна, демократска и антикоруптивна.

Ќе биде ли? Се разбира дека нема. Освен ако не сте наивен и неописово глупав да поверувате во тоа срање.

Ќе биде иста. Ќе биде бетер. Ќе биде цела на стероиди, а на сите медиуми ќе биде само еден човек. Другите ќе бидат што? Другите ќе бидат тесто за месење и глинени гулаби.

Да речеме вака: нечиј дедо или татко е лопов и убиец. Да речеме дека бил присилен да краде и убива за да го прехрани семејството. Неговата етичко дубиозна позиција не може да биде решена така што тој ќе биде борец против корупција, а исказот „не треба да се краде“ тумачен како подривање на трагичните поделби.

Помирувањето е потребно, немам сомнеж во тоа. Помирувањето секогаш е потребно. „Пушти ги мртвите да ги покопаат своите мртви“, велеше Христ. Минатото треба да го оставиме во минатото. А ние обратно: ние она кое требаше да го оставиме во минатото го претвораме во сегашност која одбива да помине.

Таканареченото „помирување“ кое денес го спроведува Мицковата десницата е спротивност на помирување. Тие ја застапуваат оваа теза: со грешките од минатото ние градиме наративи за иднината. Ние сопствените грешки ги легитимираме како грешки на нашите предци. Со тоа, сопственото неетичко делување во политиката го оправдуваат како врв на етичноста, како верност на традицијата и заедницата. Што, во основа е тешка заблуда. И тешка глупост. И лага.

Никој не им прави поголема неправда на предците од оние кои размислуваат така.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Патот од Подмоље до Охрид вечерва ќе биде пуштен во сообраќај

June 21, 2025

Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

June 21, 2025
Инаугурација на папата Лав XIV. Фото: Скриншот

Папата предупредува на предизвиците кои ги носи вештачката интелигенција

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk