Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Често ми се случува одговори за македонските прашања да наоѓам во некои филозофски или уметнички дела. Повеќето Македонци мислат дека јас сум неписмена будала и дека ниту еден филозоф или писател не може да знае за Македонија повеќе од нив, а јас мислам дека не само писателите и уметниците, туку и најголемите магариња или питомите овци од Фарските острови, знаат за Македонија повеќе од повеќето Македонци, просто затоа што овие не знаат ништо или, што е уште полошо, тоа што мислат дека го знаат и во што веруваат, е погрешно и нема врска со стварноста.
Дури им препорачувам на луѓето кои ги интересира Македонија, да не разговараат со домородното население.
Освен со пет-шест души чии имиња ќе им ги напишам на некоја салфетка.
На една страница во „Гневот и времето” на Петер Слотердијк (во продолжение се негови мисли испрекинати со мои коментари) да речеме, има повеќе вистини за денешната ситуација во Македонија отколку во сите нови изданија и конференции на МАНУ и во сите телевизиски дебата на сите учесници.
Кои му го исушија мозокот на Македонецот.
Освен Мицко, кој мене ми зрачи со некаква универзумска, да не речам, божја памет.
Кога ми е тешко ќе си пуштам снимка со некое негово интервју и автоматски ми се враќа оптимизмот и волјата за живот.
Кога гневот се претвора во омраза, вели Слотердијк, во игра влегуваат основните операции на формирање на идеологија бидејќи појмовните фиксации претставуваат најдобро средство за конзервирање на ефемерните побуди. Кој сака да го запамети својот гнев мора да го смести во конзервите на омразата. Тоа е почеток на концептуализацијата и претворањето на гневот во проект дури и во партиска форма (вмро-дпмне) која вклучува и банковна форма на акумулација на гневот.
Македонија е, драги мои, предмет на проектот на гневот.
Предмет на уривање не само на уставниот поредок туку уривање на Македонија како политички, културен и историски субјект.
Уривање во сите нејзини димензии.
Со таа специфика што тука проектот не само што ги обединува индивидуалните гневови туку истовремено ги произведува, инкубира и пумпа со бес кој е надвор и над сета стварност што ја покрива со огромните слоеви на сопствената и туѓа глупост што потоа ги шири и зацврстува преку тоталната контрола на медиумите.
Проектната форма на гневот, која во полицискиот жаргон би ја нарекле „земање на правдата во свои раце” или „бандитизам” а во политичкиот жаргон-анархизам или романтизам на насилството, кај нас веќе е изградена во банковна форма. Со тоа се означува прераснувањето на локалните ресурси на бесот и на дисперзираните проекти на омразата во сеопфатна инстанца чија задача е да ги инвестира така собраните потенцијали на гневот во историската мисија на општата деструкција.
Дали е оваа до тука јасно?!
Со создавањето на банката на гневот (сфатена како депо за моралните експлозии и одмаздничките проекти) индивидуалните вектори доаѓаат под централната режија чии барања не се секогаш ускладени со ритмовите на локалните актери и акции. Но сега подредувањето станува неизбежно: многубројните истории на одмаздата треба, најпосле, да се обединат во заедничка историја.
Тој премин означува трансформација од проектната во историската форма на гневот. Историската нарација тогаш ја презема задачата да ги објаснува делата и страдањата на меродавни од колективен гнев. Поаѓајќи од стариот став дека „целата историја е историја на користење на гневот”.
Нема никаква корист од палење на контејнери, кршење на излози, палење на автомобили ако со тоа не се тежнее кон остварување на целта која вандалската акција ја интегрира во „историската” перспектива. Бесот на уривачите и подметнувачите на пожари се троши во самата акција, а тој останува слеп и тогаш кога се обновува поради грубите реакции на полицијата и правосудството. Таквиот бес личи на бркање на ветерот со капа. Сето тоа претпоставува целосно подредување на бунтовничките афекти на стратегијата на претпријатието односно на банката. Кој сака да го разубави светот мора во неговото огрозување да оди многу подалеку отколку што можел да сонува романтизмот на бунтовниците или атентаторот.
Така што стрелањата на Димче, списоците на Миленко итн., не се обични тралалајки затоа што се движиме кон ниво кога нема да можеме улица да поминете, а да не се препнеме од нечија отсечена глава.
Како стигнавме до оваа ниво.
Прво се користи природниот бес, органскиот гнев кој по разни поводи го чувствуваат поединци. На тоа се додава производството на нови гневни луѓе преку сугестивни и сублимирани пораки што секојдневно се емитираат преку масовните медиуми
Имагинарноста створена од масовните медиуми ѝ дава на фантазмата на моралното вреднување на состојбата голем простор, вклучувајќи го тука и одмаздничкото премавнување на таа состојба.
За да биде прифатливо одмаздничкото премавнување, мора да се претпостави дека политичката и правната цивилизација го изгубила угледот. Кога постои сомневање дека јавниот поредок не функционира или дека е дел од проблемот, поединци можат да сметаат дека се повикани како диви судии во неправедните времиња да застапуваат подобар закон.
Тоа е океј додека се останува на нивото на фактичката пореметеност во функционирањето на системот, но кај нас е проблемот во тоа што таа нефункционалноста прво вештачки се пумпа и произведува со блокади на системот и со масовна и масивна медиумска кампања која од прозорецот кон светот на Македонецот му остава едно мало дупче од кое од другиот крај му се кези Жмицко и второ, таквиот ред на работите покажува дека во Македонија проектот му претходи на гневот. Гневот повеќе реагира на проектот отколку што се раѓа од неправдата.
Страшна работа.
Бегајте од тие говна.
Истовремено гневот се конзервира во омраза. Кон власта, владата, институциите, богатите, кон Шиптарите, кон Европа, Америка и кон сè што не е глупаво и просто.
Нивната цел не е власта како демократска, дури не и како автократска категорија, туку како инструмент за демолирањето на општеството и нацијата, односно демолирањето на општеството и нацијата е инструмент за освојување на власта која од таа позиција треба да удри печат на крајот на македонскиот проект.
Од популарниот анархистички сомнеж во регуларната моќ на постоечките услови следи претпоставката за перманентната вонредна состојба. На теориско ниво ја има кај Валтер Бенџамин, а во теоријата и праксата кај Антонио Негри, идеологот на Црвените бригади. Кај нас тоа е ВМРО, но само како изведувач на работите, нивниот Негри не може да биде сместен во празните глави на нашиот Антонио, Кикифрики или Жмицко и Лигњата и другите лудаци, простаци и глупаци.
Негри на пример тврдел дека за повеќето луѓе под капиталот, вонредната состојба е нормална состојба.
Се сеќавате ли колку пати само јас сум пишувал за перманентната вонредна состојба како основа на доктрината на ВМРО под Мицика. Преку перманентната идеја за предвремените избори и блокадата на сè што доаѓа од власта, од референдумот, Преспанскиот договор, судските и изборните реформи до преговарачката рамка договорот со Бугарија и уставните промени. И преку ширењето на паниката дека се продадени националните интереси, дека има помор на македонскиот род и холокауст.
Се сеќавате, не!?
Па како да ги измочаме тие жарчиња на пропаста.
Кога поредокот еднаш ќе се делегитимизира само еден чекор ги дели гневните и нивната банка од онтолошката делегитимизација со која не само што нормативното тло се одзема од стариот режим туку тоа му се случува и на авторитетот на минатото како такво.
Кога ќе дојде тој момент, таканаречената реалност станува предмет на ревизија и се демолира.
Сè!
Во меѓувреме се воспоставува врска меѓу гневот и гордоста.
Со која лутењето самото на себе си дава морална димензија.
Имотот на гневот може да се растури во неконтролирани таканаречени абреактивни или реактивни злосторства кои се начин гневниот да се испразни и да ги загрози повисоките цели на акумулацијата на гневот односно на идејата за тоталната промена на односите и ситуациите.
Во таа смисла убиството на Вања удира во темелите на вмровската акумулација, дури ја загрозува самата идеологија и проектот и затоа по првиот шок беа ангажирани сите сили да се посеe хаос, да се изврши дезориентација, да се замати кој што и зошто направел итн.
Затоа што се отвори нова банка на гневот.
Или, пак, гневот се дисперзира.
Со други зборови: Палчо ја убил Вања, а можеби ја убил и мисијата на вмро против Македонија.
Нема да се изненадам ако најтешката казна му стигне од банката на омразата.
Можеби ќе се наложи и некој споменик да му подигнеме.