ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Буџетот за наредната година е дел од поширока стратегија за заздравување и забрзување на растот

December 11, 2023 12:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Буџетот за 2024 година, што се носи во услови на продолжена неизвесност и забавување на глобалната економија, е дел од поширока стратегија за заздравување, а  понатаму и за забрзување на растот, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во интервју за „Фактор“, како што денеска соопшти Министерството за финансии, посочува дека стратегијата се заснова на поттикнување на развојот преку силен инвестициски циклус и обезбедување фискална одржливост.

Бесими посочува дека буџетот за 2024 година е конципиран врз основа на „златното правило“ во јавните финансии, односно капиталните инвестиции да се на повисоко ниво во однос на фискалниот дефицит. Истовремено, буџетот останува на зацртаниот пат на фискална консолидација, односно намалување на буџетскиот дефицит, а притоа да не се влијае негативно врз економскиот раст.

-Структурата на буџетот се менува. Од минатата година нивото на капитални расходи е поставено на два пати повисоко ниво во однос на 2020 година, додека оваа тенденција продолжува и со Буџетот за 2024 година. Буџетскиот дефицит е намален за речиси една третина во однос на проектираното ниво за годинава, на 3,4 отсто од БДП, од што само половина е примарниот дефицит, односно 1,7 отсто од БДП, додека другата половина од дефицитот оди за плаќање на каматите за долгот акумулиран од минатото до сега, истакнува Бесими.

Ова ниво, како што вели, соодветствува со среднорочните проекции опфатени во Фискалната стратегија до 2028 година, односно буџетскиот дефицит во 2025 и 2026 година да се сведе на 3 отсто или во согласност со Мастришките критериуми, додека во 2027 и 2028 година да падне и под 3 отсто, односно на 2,8 отсто и 2,5 отсто, респективно.

-Што се однесува за економската одржливост, во рамки на средствата издвоени за капитални расходи предвидена е поддршка во оваа насока. Преку носењето на новиот Закон за буџети, зајакната е и контролата за обезбедување на фискалната одржливост преку воведување Фискален совет, како и фискални правила, наведува министерот.

Во интервјуто говори и за деветтиот пакет на антикризни мерки, со кој ќе се поддржат 120.000 млади лица, околу 74.000 социјално ранливи категории на граѓани, 187.000 пензионери, 40.000 земјоделци, 540.000 корисници на апликацијата Мој ДДВ, 600.000 домаќинства, како и 70.000 компании, додека, ако се земат предвид и системските мерки, станува збор  за 338.000 пензионери и 106.000 вработени во јавниот сектор.

-Деветтиот пакет на антикризни мерки беше најавен со Буџетот за 2023 година, кој беше усвоен минатата година. Оттаму тезите дека е предизборен, ненадеен, веднаш се побиваат. Фискалната политика и овој пакет антикризни мерки го насочивме кон поддршка на економскиот развој и поддршка на ранливите категории граѓани. Ќе се поддржат студентите, учениците од семејствата со ниски примања, пензионерите со ниски пензии преку додаток, компаниите, главно мали и средни компании, со ликвидносни инјекции, прецизира Бесими и додава дека станува збор за деветтиот пакет, поддршка која се дава кон граѓаните и стопанството во континуитет од пандемијата наваму, која се проценува на 2,66 милијарди евра.

Tags: Бесимибуџет 2024
Next Post

Ковачевски: Нема импровизации за позицијата прв вицепремиер, сè е дефинирано во законот за техничка Влада

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

August 16, 2025

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Претпоставувам ќе има средба помеѓу Зеленски, Путин и мене

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk