ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) „Полиграф“: Какви дезинформации се ширеа за двете убиства што ја потресоа земјава?

December 11, 2023 15:00
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС

Во врска со случајот со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во многу медиуми во земјава и на социјалните мрежи беа објавени повеќе погрешни информации, лажни вести и дезинформации.

На 03.12.2023, Петар Богојески, лидер на партијата „Македонски концепт“ објави дезинформации дека убијците на малолетната биле ослободени, прашувајќи „дали осомничените биле пуштени на слобода од полициска станица и дали се веќе пренесени на Косово?!?“.

Но, истиот ден, МВР соопшти дека „наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, информираме дека сите осомничени се од македонска етничка припадност“.

Порталот Еуромапрес, исто така предупреди на лажни обвинувања на Фејсбук дека киднапер бил сопственик на ромска телевизија со потекло од Косово, кој 15 години живее во Франција.

Иако МВР соопшти дека „во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната“, ТВ Сител во вестите од 21 часот извести дека „нејзиното безживотно тело, според соопштението на МВР, е најдено во околината на Велес“. Воедно, иако МВР соопшти дека телата се најдени на две различни локации, и ТВ Канал 5 во прилог од 4.12.2023 извести дека исчезнатиот велешанец бил најден „на истата локација покрај 14-годишната…“.

Освен тоа, неколку портали и инфлуенсери проширија лажна вест дека првоосомничениот за двете убиства бил уапсен во Хрватска.

На 05.12.2023, ТВ Алфа објави прилог „Скопје – Белград – Истанбул- Минск: Најбараниот беглец е во Белорусија?!“, во кој без докази се тврди дека „Палчо имал план и авионска карта за Минск, метрополата на проруска Белорусија.“ Но, подоцна излезе дека тој воопшто не патувал со авион.

Пред МВР да објави дека првоосомничениот за грабнувањето и убиствата бил лишен од слобода во Турција, некои портали погрешно известија дека бил „уапсен на граничен премин“ и дека бил „задржан на граница“. Но, излезе дека првоосомничениот бил лишен од слобода во градот Баликесир, кој не се наоѓа во близина на турската граница.

И екипата на „Вистиномер“ објави повеќе прилози за објавите на социјалните мрежи, разоткривајќи ги невистините што се ширеа за убиството на малолетничката од Скопје, како и за првоосомничениот.

Како што видовме, оваа трагедија беше злоупотребена од многу актери за ширење шпекулации, погрешни информации, дезинформации и теории на заговори. Дел од нив очигледно имаа намера да предизвикаат меѓуетнички тензии и да ја подријат довербата во институциите на системот. Затоа, граѓаните треба да бидат многу внимателни при вакви случувања и да се потпираат исклучиво на информации кои се добро проверени и од веродостојни извори.

Преземено: СМК

Next Post
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Османи во Женева: Потребни се напори за ревитализација на вредностите на Универзалната декларација за човекови права на ОН

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk