ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Откако ќе биде формирана заедничката компанија, ќе се потпише договорот за концесија за Чебрен

December 13, 2023 16:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Се уште трае постапката за креирање заедничко друштво меѓу компанијата која го доби тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен на Црна Река и ЕСМ. Откако ќе биде формирана компанијата, од испланираните удели 67 наспроти 33 отсто, ќе почне постапката за доделување на правото на користење на вода, а потоа ќе се потпише договорот за концесија, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Појаснувајќи ја постапката до потпишување договор за концесија, како одговор на новинарско прашање за тоа кога Владата и ЕСМ планираат да го потпишат договорот за Чебрен, Битиќи нагласи дека засега има само одлука на Влада.

– Не знам од каде дека истекува договорот. Нема договор, има одлука на Влада. Одлуката на Влада ќе се ефектуира тогаш кога ќе се создадат условите, а во тој момент почнуваат процедурите, подвлече Битиќи.

Во однос на надоместокот за пристап до мрежа што ќе почне да се применува од 1 јануари, вицепремиерот Битиќи смета дека тоа е праведно решение.

– Вчера Регулаторна излезе со нова пресметка во методологијата, а тоа е ставање данок на луксуз, односно дополнителна такса за мрежарина за тие што имаат повеќе од една куќа, која не ја користат, да плаќаат нешто што до денес го плаќаме сите ние што сме корисници на електрична енергија. Ова е едно праведно и правично тарифирање на електричната енергија, да си плати секој за тоа што го користи, затоа што мрежарината сите ја користиме, рече Битиќи.

Прашан за реакцијата на инженери кои сметаат дека изградбата на Чебрен по пат на јавно приватно партнерство е штетен и ја нарушува електроенергетската независност на државата, Битиќи рече дека  процесот траел три години и оти биле вклучени сите можни инженери кои требало. Подвлече дека утре нема да се потпишува ништо, туку само ќе се затвори процесот на тендерирање.

– Утре нема да има потпишување, но ќе има друго потпишување. Утре ќе потпишуваме и ќе исплаќаме пари кон општините водени од ВМРО – ДПМНЕ, околу два милиони денари. Како Влада одлучивме со парите за пренамена да им дадеме можност на нашите граѓани, кои изминатите две години се ставени на милостина на тие градоначалници, да изградиме пречистителни станици, градинки, училишта, канализации, водоводи, патишта, рече Битиќи.

Проектот за изградба на хидроцентралата Чебрен по пат на јавно – приватно партнерство, според Здружението на инженери, е штетен и со него се нарушува електроенергетската независност на земјава и се дава на управување воден ресурс кој е веројатно најзначаен во овој век. Здружението на инженери денеска поднесе претставка до надлежните институции за одлуката за концесија за хидроцентралата Чебрен.

Next Post

Средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со амбасадорката на Латвија, Елита Кузма

НАЈНОВО

ФФМ. Фото: Б. Јордановска

ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

October 30, 2025
Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk