ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба на претседателот на Собранието Џафери со директорката на ДЦАФ, амбасадорката Шуард

December 13, 2023 15:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Денес претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери оствари работна средба со директорката на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор – ДЦАФ, амбасадорката Натали Шуард. На средбата присуствуваа генералната секретарка на Собранието, г – ѓа Цветанка Иванова и претставници на ДЦАФ.

Претседателот Џафери се осврна на достигнувањата во меѓусебната соработка на Собранието и ДЦАФ во имплементацијата на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија со акцент на постојаното подобрување улогата на Собранието во надзорот врз разузнавачко-безбедносната сфера. Во однос на улогата и придонесот на ДЦАФ за изградба и операционализирање на Заштитената соба во Собранието, претседателот Џафери изрази задоволство што процесите се во тек, а со изградбата на ваквата Соба се создаваат услови за водење на класифицирани состаноци на работните тела за надзор. Претседателот Џафери информираше и за текот на процесот за избор на Советот за Граѓански Надзор на Северна Македонија и измените на Законот за следење на комуникациите, со што се овозможи ставање во функција и непречено работење на Советот за граѓански надзор на законитоста над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите.

Амбасадорката Шуард, посакувајќи успешни претседателски и парламентарни избори во 2024 година, го подвлече задоволството на ДЦАФ од одличната досегашна соработка која се темели на институционална меморија и ја нагласи дека за ДЦАФ е особено важно што е активен поддржувач на приоритетите на Собранието и на државата во сферата на безбедност и надзор преку процеси кои ги вклучуваат не само пратениците туку и собраниската служба. ДЦАФ се особено охрабрени од фактот што пратениците со законските измени овозможија не само услови туку и финансиски средства за работа на членовите на Граѓанскиот совет.

Соговорниците изразија посветеност и уверување соработката со ДЦАФ ќе продолжи и во иднина, имајќи ги во вид добрите темели кои се поставија во текот на имплементацијата на Меморандумот за соработка потпишан во 2021 година.

Tags: ДЦАФ - амбасадорката Натали ШуардсредбаТалат Џафери
Next Post
Ангела Агелер

Агелер: Ставањето на Анѓушев на „црната листа“ не се заснова на сомнеж, туку на докази

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk