Непријавени девизи биле откриени под акумулаторот на едно возило. Тие биле пронајдени од страна на мобилните тимови на Царинската управа, кои потоа ги одзеле пронајдените девизи.
Видеото на социјалните мрежи го сподели директорот на Царинската управа, Стефан Богоев кој запраша до каде оди „креативноста“ на шверцерите.
Непријавените девизи биле одземени од страна на службите на Царинската управа, а ваквото видео само ја покажува ефикасноста на мобилните тимови за спречување на нелегална трговија.