ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промоција на романот „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“ од Тина Иванова

December 14, 2023 11:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, МОЗАИК

На 16 декември (сабота) со почеток во 19 часот, во Аудиокултура, ќе се одржи промоција на новиот роман на Тина Иванова под наслов „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“. Промотор на книгата ќе биде новинарот, писателот, активистот за човекови права, г. Џабир Дерала.

Промоцијата ќе биде збогатена со настап на двајцата извонредни пијанисти Дино Имери и Дуња Иванова.

„Се чини сè уште постои љубов или: Љубов во време на Корона“ е приказна за љубовта помеѓу еден маж и една жена. Од една страна, зборува за љубовта помеѓу Ана и Дениал, љубов помеѓу христијанка и муслиман, за онаа чиста, искрена, невина љубов, речиси нереална – опишувана во некој класичен роман. Од друга страна, пак, приказната третира уште една верзија на љубов или ,,нељубов”, како контрапункт на среќната, полетната, безграничната, безусловната, полна со радост, а тоа е онаа грдата, измамничката, полна со сомнежи, непочитување, тага. Дел од времето на дејствието, како што укажува и самиот наслов, се случува во периодот кога бевме заробени под плаштот на Ковид 19. Локацијата е Скопје, градот кој дише во наративот како едно соединение со ликовите.

Но, во суштина, книгата зборува за предрасудите, пред сè, за религиските, а со тоа и за социјалните судови, за неразумните однесувања и за искривеностите во верувањата, наметнати од религиските авторитети помеѓу луѓето, кои се провлекуваат низ одредени дијалози и размислувања на главниот лик Ана. Низ размислите, во дел од случувањата на Ана, на нејзиниот емотивен живот како жена, се јавува аспект на одредена потиштеност и резигнираност на една разведена жена и сите стравови кои се наметнуваат од статусот, како и за соочувањето со тоа во едно труло општество.

Таа го наоѓа својот пат кон Бога, пат, којшто го наоѓа со помош на најголемиот композитор на сите времиња Јохан Себастијан Бах. Приказната се чита во еден здив, а вметнати се и неколку песни, кои се врзивно ткиво на навидум одделните сегменти и коишто ја сликаат женската емотивна состојба од неколку различни перспективи.

Тина Иванова (1976, Скопје) е музиколог и продуцент, со долгогодишно искуство во новинарството, а зад себе има и шест пишани изданија. Петнаесет години е дел од културната рубрика на „Утрински весник“ од неговото формирање (1999), најпрвин како новинар и музички критичар во културната рубрика, а од 2007 до 2012 година и како нејзин уредник. Пред тоа работи во Македонското радио
на Првата програма во редакцијата за сериозна музика, потоа во Музичкото радио Канал 103 како музички соработник и во Македонската информативна агенција. Во моментов е продуцент во
Македонската филхармонија, каде од 2020 до 2023 година беше на функцијата директор.

Авторка е на книгата „Документ 103“ која претставува публицистички труд за музичкото радио Канал 103, за која ја доби престижната државна награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ во 2012 година.
Добитничка е и на наградата „Урбан“ за промовирање на урбаната култура, награда на Институтот „Урбан“. Тина Иванова е авторка и на романот „Кругови“, чиј издавач е издавачката куќа „Или-Или“ (2013). Авторка е и на монографскиот труд „Михајло Николовски-нашиот Папа Франк“ по повод 80 години од раѓањето на истакнатиот македонски композитор и педагог, за која ја доби престижната награда „Панче Пешев“ од Сојузот на композиторите на Македонија.

Се јавува како ко-автор на монографијата „70 години Македонска филхармонија“, напишана по повод 70 години од постоењето на најстарата македонска национална институција. Ко-автор е и на електронската книга „Седум мали портрети на седум големи композитори“ (2015).

Пишува стручни текстови, музички критики, текстови за песни, раскази, сценарија за детски концерти, и е активно вклучена во изборот на музичките програми на Филхармонија, како и на проекти надвор од институцијата.

Tags: ПромоцијароманТина Иванова
Next Post

Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 30 јануари

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео од Х

(ВИДЕО) Тесла Cybertruck доби максимални пет ѕвездички на тестот за безбедност

August 23, 2025

Шукова и Мојсова: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

August 23, 2025

Касами смета дека нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Оскаровецот Хавиер Бардем го осуди Израел: ИДФ се Нацисти!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk