ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Фон дер Лајен по средбата со Туск: Полска ни е потребна на бродот на ЕУ

December 15, 2023 14:40
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Загриженоста за владеењето на правото во Полска досега го ограничуваше капацитетот на ЕУ да и помогнеме на земјата да ја модернизира својата економија и да ги спроведе зелената и дигиталната транзиција и затоа сега треба да го надоместиме изгубеното време, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по средбата со новиот полски премиер Доналд Туск на маргините на Самитот на ЕУ во Брисел.

– Времињата се предизвикувачки и Вашата лична посветеност и европско искуство ќе бидат непроценливи за нашето европско семејство. Ни претстои многу работа и среќна сум што можеме да го направиме тоа, му порача Фон дер Лајен на Туск, кој е поранешен претседател на Советот на ЕУ.

Таа нагласи дека ја поздравува посветеноста на Туск да го постави владеењето на правото на врвот на агендата на неговата Влада и да одговори на сите грижи што беа изразени во последните години од страна на европските институции во однос на случувањата во Полска.

Го поздравувам и тоа што презедовте иницијатива Полска да се приклучи на Европското јавно обвинителство. Ова е одлична вест пред се за полските граѓани, но и за европските партнери и европските граѓани, додаде претседателката на Еврокомисијата.

Според неа, ЕУ и Полска треба го надоместат изгубеното време и ќе треба да работат напорно со цел заедно да ги решат сите прашања.

– Комисијата работи на тоа да и префрли пет милијарди евра на Полска како предфинансирање пред крајот на годината. Ова ќе и помогне на Полска да ги модернизира своите енергетски системи и напорите за декарбонизација. Навистина, борбата против климатските промени е најсуштинскиот приоритет за сите нас. Полска ни треба на бродот. Бидете сигурни дека Комисијата стои на ваша страна, нагласи Фон дер Лајен.

Туск од своја страна истакна дека сите што ги знаат европската и полската реалност се свесни дека Полска немала толку голем пријател како што е претседателката на ЕК, на која и се заблагодари за одлуката за исплатата на средства од фондовите на ЕУ за неговата земја.

– Знаеме дека владеењето на правото е многу важно, се работи за нашето место во Европа, за нашите вредности, истакна Туск.

Според него, полските адвокати, обвинители, судии и граѓани некогаш не се согласувале со изградбата на Полска без владеење на правото и никогаш не се откажале од борбата за овој принцип.

– Доделените пет милијарди евра ќе бидат божиќен подарок. Тоа не е мал подарок, тоа се многу важни средства, кои ќе бидат употребени за зајакнување на нашата енергетска сувереност. Ќе се потрудиме овие средства да ги искористиме на соодветен начин, додаде Туск.

Тој истакна дека приклучувањето на Полска кон Европското јавно обвинителство е многу важен потег, која ја покажува сериозноста во намерите не земјата да го почитува владеењето на правото и соодветно да ги користи средствата од европските фондови.

Tags: Доналд ТускПолскаУрсула фон дер Лајен
Next Post
Фото: Икс на МоД Естонија

Естонија испраќа нов пакет воена помош од 80 милиони евра за Украина, естонскиот и финскиот премиер побараа континуирана поддршка од ЕУ за Кијив

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk