ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Проекциите на населението ќе придонесат кон креирање на политики за подобар квалитет на живот

December 15, 2023 16:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше еден од говорниците кои го отворија настанот за презентација на проекциите на населението на Република Северна Македонија до 2070 година.

„Две третини од светското население живее во земји каде стапките на фертилитет паѓаат под нивото на репродукција, а меѓу нив е и Република Северна Македонија. Овој демографски пејзаж ни претставува двоен предизвик: од една страна, загриженоста за земјите со помала и постара популација, а од друга, императивот да се обезбеди одржливост на економиите, пензиските и здравствените системи, образованието и пазарот на трудот“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека кога се зборува исклучително за РСМ податоците од последниот попис покажаа дека населението старее и дека просечното домаќинство станува помалубројно. Tренчевска истакна човечкиот капитал останува да биде главен инструмент за технолошки и одржлив развој.

„Визијата ни е јасна: да се одржи постојното население на Северна Македонија до 2044 година, значително да се зголеми нејзиниот потенцијал и да се обезбеди подобар квалитет на живот за сите генерации. Затоа несопирливо инвестираме подеднакво во предучилишното образование со градење на нови градинки, но и во услугата помош и нега во домот за стари лица. Секој граѓанин ни е важен, инвестицијата во секој е клучна, а напредокот за сите нас е пресуден“ изјави министерката.

Министерката на крај од своето обраќање истакна дека статистичките податоци и проекцијата ќе придонесат кон тоа да се креираат мерки кои ќе влијаат на добросостојбата на граѓаните.

„Подобрување на условите за работа, утврдување на животниот стандард со воведување на минимална плата, но и посветеност на забрзана активација на пазарот на труд на граѓаните на нашата држава, се јасен показател дека ние вложуваме во граѓаните, зошто креираме една достоинствена средина за живеење, која ќе креира ниво на отпорност кон постојаниот тренд на иселување. Вложувањето во обуките, преквалификација, доквалификација, во неформалниот образовен процес, но и во родовата еднаквост како алатка за активно вклучување на жените во пазарот на труд, е вложување во вредностите, во достоинството , во еднаквоста да се одлучува за својот живот и своето тело преку економска еднаквост, а токму тоа е најважното вложување во граѓаните“ изјави министерката.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бочварски и Николовски од Крива Паланка: Градот го живее своето модернизирање, инвестираме во изградба на квалитетна патна и железничка инфраструктура, посветено развивајќи ги општините од Североисточниот регион

НАЈНОВО

Фото: ШК Алкалоид

Максимална победа за шахистите на Алкалоид во второто коло во Европскиот куп

October 21, 2025

Сирија заплени 12 милиони таблети Каптагон, уапсен водачот на криминалната мрежа

October 21, 2025

Вајц: Прашања поврзани со идентитетот го блокираат македонскиот напредок на европскиот пат

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk