Последното деноноќие во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 1.814 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК.
Од нив, како што информираат од ЦУК, „реални“ повици за итни случаи на 112 биле 42,06 отсто, а 57,94 отсто биле за други потреби на граѓаните.
Кон полиција биле упатени 58,15 отсто од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 30,14 проценти, а кон пожарникарите 1,78 отсто.
-Повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, кон Центарот за управување со кризи имало 9,93 проценти од „реалните“, што заедно со другите 57,94% „неитни повици“ (1.079 вкупно), биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК, стои во соопштението.