ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ампутацијата од Европа 

December 17, 2023 10:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Вмро ја ампутираше Македонија од европското тело.

Без анестезија.

Со пилата на блокираните уставни промени, нѐ отсече од континентот.

За Унијата беше маникир, за Македонија џелат!

Триесет и кусур години ние гледавме како балтијата на злото се спушта врз вратот на Македонија како мотив, идеја и цел на внатрешната македонска револуционерна организација.

Главата сѐ уште е на нејзините рамена, но ампутацијата од Европа ќе ги има истите последици како вмровската гилотина, ако нешто драматично и бргу, пред претстојните избори и на тоа гласање, не се смени.

Ако ние не ја ампутираме вмро.

Ако не си ја отсечеме десната рака!

Историјата бара жртви на кои Македонците не се спремни.

Златни тераси и кафе со омраза.

Без работа!

Тоа не се остава за три Европи.

Разбирањето на тој момент е клучна работа за спас.

И пред состанокот во Брисел и на состанокот во Брисел и во милион други прилики, при посетите на милион европски и американски политичари, јасно беше речено дека оној момент кога ќе бидат усвоени уставните промени, Европската унија, без дополнителни услови, ќе ги почне преговорите со Северна Македонија.

Утре ако ги усвоиме измените, во вторник ќе се одржи втората меѓувладина конференција и преговорите ќе почнат со поглавјето за елиминација на револуционерните организации од правниот и политички поредок на идната членка.

Крај.

Убијците на перспективите, а можеби и на животот, се трудат да го задржат револуционерниот дух на Македонците, но тој,  дури и кај тие што се со темелно измиени мозоци, падна во тотална импотенција.

Луѓето гледаат дека останаа сами.

Нема повеќе кој да им дојде и кај кого да отидат.

Тажна работа за еден народ кој со сите слабости не заслужи вака да му го начукаат неговите.

Најлошите од лошите.

Кои кога ќе свршат ќе го шлапнат по газот и ќе го остават да умре.

Македонија и вмро не можат да егзистираат истовремено.

Ниту тука, ниту во Европа.

Во Европа уште помалку.

Во меѓувреме, нека да повториме: злосторниците се трудат, но немаат никакво алиби, затоа што ампутацијата ја извршија во директен пренос пред целиот свет.

Корупцијата, правдата и правото, наркотиците, уметноста, сексот и свињоколите, молзењето на млеко од валкани вимиња, ќе дојдат на дневен ред во текот на преговорите.

За почетокот беше и сѐ уште е доволно да ги пуштиме Бугарите во Уставот.

Скотовите на вмро не ги пуштија за да не ги отвориме преговорите.

Не за заштита на националните интереси, туку за нивно темелно осакатување.

За нивно сквернавење како битен аспект на нивната историска мисија.

Кој курац сега сакате.

Ќе почнеле преговорите со Украина и со Молдавија.

Па што.

Какви се вашите ингеренции по тоа прашање.

Сакате да кажете дека добро сте направиле што сте го блокирале почетокот на преговорите со интеграција која има непринципиелни критериуми!?

Одбивајќи елементи на човековите права само затоа што се работи за Бугари!?

Хахаха!

Тоа само во „Само вистина и срање“ на Канал фајф.

Се сеќавате ли како Дафа го кинеше францускиот предлог односно преговарачката рамка пред Урсула фон дер Лејен?

И кој правеше митинзи и го палеше народот против Европа и Бугарија, нормално, ништо без Бугарија.

Против диктатите.

За други солуции: брикс, трикс, бла, бла, бла… бликс.

Кој ги носеше собраниските робови на вмро на нотар?

Кој одби пола влада само да не почнат преговорите?

Кој јадеше трици дека ќе испреговара подобра рамка кога сите со кои требаше да ја испреговара таа подобра рамка, сто пати му рекоа дека нема таква рамка?

И да се формира двотретинско мнозинство во новиот парламент, тоа ќе значи дека сме загубиле минимум една година.

При ваква брзина на времето, тоа е како да сте го испуштиле летот за Марс, додека Земјата се дави во врела вода.

Нема човек кој нема да го почувствува откачувањето од Европа.

Културно и материјално.

Србите од поразите прават победи, а Македонците од победите прават порази.

Многу различни народи сме.

Со Бугарите сме поблиски.

И тие и ние немаме победи, а поразите си ги припишуваме едни на други.

Од историските говна правиме фараонски пирамиди.

Кои повеќе личат на мафини отколку на пирамиди оти од говната  никој не може да направи рамни рабови.

Смачкани сме во своите умисли и измислици.

Тоа што Русија ѝ го направи (1877-78) на Бугарија, Југославија ѝ го направи на Македонија.

Седумдесетина години подоцна.

Тоа е многу време.

Но, недоволно за тачдаун.

Тие немаат основи да бидат горди, освен со Стоичков, Донкова и Стефка Костадинова,  а ние имаме основи и причини да бидеме повеќе скромни.

Со повеќе памет и култура.

Јордан Радичков ми викаше: Тричко, малки сме ние за романи, бе, нема Блгарија живот којто може да се романсира фоф европејски уметнически формат, ние сме по поетиката.

Ние го потврдуваме истото становиште, но работиме поинаку: само на Конкурсот за роман на годината се јавуваат по четириесет романописци!

Еј, четириесет, плус толку што не се јавуваат, имаме по сто романи секоја година!

Култура ли е тоа?

Книжевност?

Порано мислев дека има некој на небото кој внимава Македонците да не останат без забава.

Некој Господ.

Пред триесетина години ни го пушти вмро-дпмне.

Премиум забава.

Како ќелава кукла што врти со очите и збори дека многу нѐ сака.

Па ни го тури Црвенковски за премиер.

Тоа беше многу забавно трошење на историското време. И тој беше кукла, но голема и шуплива, строга и манекенска. Парадна.

Па пушти некоја организација да ни го утепа претседателот.

Потоа ни овозможи мала војна со Албанците со многу жртви.

Кои Македонците им ги праќаа на Албанците како боринки за потпалување на националистичкиот жар.

Вмронски финти кои десетина години подоцна ќе ги повторат во Диво Насеље и пред тоа на Смилковското езеро.

Па ни го врати вмро да нѐ претвори во идиоти со непобитни артефакти вградени во најголемата градска грозотија во историјата на светската урбанистика и архитектура. Демек, Скопје 2014.

Па дојде бунтот против Преспанскиот договор.

А пред тоа крвавиот пуч со упад во Парламентот кој пропадна само затоа што актерот не беше понел доволно вода.

А пучистите не знаеја дека пред да пијат треба да ја симнат волнената качулка од устата.

Па востанието против преговарачката рамка и против Европа.

Со Весна Бејби и нејзините деца.

И Весна Бендевска.

Каква разделба со големата симпатија.

И против Бугарија, нормално.

Дали нѐ окупирале кога нѐ немало.

И децата од Ваташа што ни ги убиле.

Во меѓувреме нѐ обдари со бајката за парите во ташната „Вутон“.

Тоа беше проверка на интелектуалниот идентитет на Македонците при што беше утврдена вистината од Лецовиот афоризам: Ако тропаш по дното ќе чуеш како некој тропа од долу. Се покажа дека нашата глупост и инфантилност немаат дно. Но, сеедно, ушите ни ги дупна тој што тропаше од другата страна на дното што не можеме да го допреме. Хахаха. Отиде јабана СЈО, а Катица в затвор. Врз основа на сенародната хистерија. На ништо друго. Прашајте ја Русковска. Јас да сум Катица, ќе го одлежам затворот па по излегувањето ќе го поканам Герота на руски чај. А Вилма на прошетка по Охридското езеро.

Финишот беше многу забавен: ни даде да ги внесеме Бугарите во уставот за да добиеме премиум карти за трката во Спа Франкоршамп, но-ништо!

Типот од небото беше заборавил дека пред триесет години ни го беше пуштил вмро-дпмне како забава.

Потоа, будала, се врати на ежедневната проблематика: убиствата на Панчо и на Вања, бегството на Палчо и приказните за неговото трауматично  детство и мафиотската зрелост при што некои во списокот на неговите убиства го вбројуваат и молерајот  врз Герота зашто од тоа време човекот, кој во меѓувреме стана Кикифрики, се одлепи и се однесува како да е мртов или најмалку како да е луд човек на умирање.

А Палчо бил вљубен во мајката на својата жртва.

На детето што го уби.

Така прават лавовите во саваната.

Сега некој гебелиус отишол во Чашка да крева востание против албанските деца. Да се скрене вниманието од нивниот „успех“ во Брисел. Скотовите тоа го викаат дефокус. Хахаха! Тоа ќе заврши така што во Чашка ќе биде отворен Универзитет за албански науки и уметности со камп за летна и зимска забава на сто илјади албански деца.

Секогаш е тоа така.

Свињаријата од внатрешна револуција не го брани македонството, туку го компромитира.

Само тоа и ништо повеќе.


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Шестмина членови на криминалната група Грчец добија затворска казна од вкупно 50 и пол години

July 15, 2025

Патувачкото кино на „МакеДокс“ од денеска во Кочани

July 15, 2025

ЛШ квалификации: Шкендија вечерва го пречекува ТНС

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk