ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Богоев: Нови дронови за поддршка во борбата против шверцот

December 19, 2023 16:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

– Двата клучни сектори за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал, Секторот за контрола и истраги и Секторот за посебни истражни мерки, ќе се зајакнат со дронови што ќе бидат обезбедени како донација од Обединетото Кралство, со кои што ќе ракува специјален тим кој неделава помина обуки организирани од страна на експерти од Обединетото Кралство. Ова е од големо значење за зголемување на ефикасноста на институцијата, превентивно делување, како и обезбедување докази и зајакнување на истрагите што ќе води кон сузбивање на организираниот криминал, информираат од Царинската управа.

„Поголемата видливост од воздух е многу важна во делот на справување со предизвиците со коишто се соочуваат царинските инспектори при откривање и спречување на нелегални активности. Методите за криумчарење постојано се усовршуваат, што соодветно бара зголемување на ефикасноста на двата клучни сектори за сузбивање на организираниот криминал и корупцијата“, рече Богоев на денешниот настан во рамки на кој тимови од Секторот за контрола и истраги и Секторот за посебни истражни беа обучувани за ракување со опремата, a на кој присуствуваше и заменик директорот Муарем Асани.

Како што истакнуваат, беспилотните летала овозможуваат поголема видливост како во текот на денот така и во текот на ноќта, како и фотографирање од далечина со висока резолуција. Ова е од голема корист при вршење на специјалните задачи поврзани со откривање организиран криминал и корупција.

Воедно користењето дронови овозможува покривање на поголеми области побрзо и поефикасно за разлика од традиционалните методи, што овозможува потенцијалните закани да се детектираат со голема брзина, наведуваат од Царинската управа.

Tags: беспилотни леталаСтефан БогоевЦаринска управа
Next Post

Костадинов: Обезбедени 65 милиони денари за втората фаза од изградбата на социјалната населба

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk