ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДУИ и Алијанса ги обединува „Фронтот за Европа“

December 19, 2023 15:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Алијансата за Албанците (АА) на Арбен Таравари сè уште се во дилема дали на парламентарните избори следната година ќе излезат самостојно или ќе одат во коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во рамките на Европскиот фронт.

„Фронтлајн“ од добро упатени партиски извори дознава дека партијата на Таравари веќе направила анкета со своите членови во ограноците. Според анкетата, мнозинството од членовите на Алијансата за Албанците сметаат дека нивната партија треба да се натпреварува сама на парламентарните избори во 2024 година, значителен дел од нив се на мислење дека треба да се натпреваруваат заедно со албанската опозиција, додека многу мал дел се на мислење дека треба да одат на избори со ДУИ.

И кај членовите на Претседателството и партиското Собрание има исти дилеми. Следната недела се очекува да се состане претседателството на АА на кое ќе се разговара само за ова прашање, додека по новогодишните празници се очекува претседавачот Зијадин Села на Собранието на Алијансата за Албанците – како највисок партиски орган, да се сретне и одлучи како да делува АА на претстојните парламентарни избори.

„Фронтлајн“ дознава дека и покрај сè, поради стратешката ориентација на државата и евроатлантскиот префикс, Алијансата за Албанците може да се вклучи во коалиција во рамките на Фронтот за Европа заедно со ДУИ и СДСМ, но и во коалиција во рамките на „Фронтот за Европа“ заедно со ДУИ и некои помали албански партии и невладини организации.

Арбаен Таравари, како што дознава „Фронтлајн“, за таа цел остварил серија средби и со странски дипломати, пријатели на Северна Македонија, за да добие оценки, нивни размислувања и анализи по ова прашање.

„Фронтлајн“ дознава дека на Таравари му честитале сериозни дипломати за преземениот чекор да биде дел од владината коалиција во деликатен момент за земјата и да ја зачува и дополнително да ја негува европската и проамериканската ориентација на земјата.

Во ова насока беше и средбата во понеделникот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и на АА, Арбаен Таравари.

Ахмети, по средбата со Таравари изјави дека на средбата се разговарало за опции за можна соработка меѓу АА и ДУИ, но одлуката ќе ја донесат партиските органи откако ќе ги разгледаат сите можни опции.

– Разговаравме, но опциите се отворени. Многу пријателски разговор. Ќе продолжиме. Ќе се сретнеме пак. Се разговара за опциите. Органите во нашите партии ќе донесат одлуки како и за која опција ќе се одлучиме, рече Ахмети.

Од друга страна, Арбен Таравари рече дека за АА е тешко да се оди со ДУИ на избори.

– Една од опциите што ја имаме како одлука на раководството на партијата е да се оди сами на избори. Реков, многу е тешко Алијансата да излезе со ДУИ, но повторно ќе ги разгледаме опциите, мора да се почитуваат одлуките на партиските органи, нагласи Таравари.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Фронтот за Европа“Алијанса за АлбанцитеДУИ

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk