Средбата помеѓу власта и опозицијата ќе биде од технички карактер и истата се однесува на формирање на техничка влада, ресорите, луѓето, форматот и слично. Самото име техничка влада укажува на технички карактер. Таа има карактер да ги организира изборите од технички аспект. Поентата е да се истакне дека средбата е таква, нема да се носат клучни одлуки“, изјави Стефан Богоев, директор на царинската управа во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ24.
„Не е битно дали е со ДУИ, дали е со ДПМНЕ, дали е со СДСМ. Она што е битно е да се формира влада која споделува исти вредности. Гледате дека сега полека се формира еден европски блок којшто споделува европски вредности, на којшто ми е драго што припаѓам. Блок којшто смета дека местото на Македонија е во Европската Унија. Од друга страна се формира еден антиевропски блок, којшто своевремено беше анти-НАТО блок, сега е анти-ЕУ блок, пред се формиран од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица“.
Тој додаде дека повторно како во времето на режимот на Груевски, кога имаше поделба помеѓу патриоти и предавници, сега повторно ДПМНЕ прави поделба со тоа што Мицкоски вели јавно дека не уште 10 години ниту ако треба уште 100 години нема да бидеме членка на ЕУ.
„Како прво, такви изјави не дава одговорен политичар. Ако ги даде лидер на една опозиција којшто треба да е одговорен политичар, а не е, тој автоматски се става во кошот во антиевропскиот блок“, заклучи Богоев.