Пишува: Петре Шилегов
На ФБ обично сум саркастичен (со сериозни пораки, кој разбира), но сега нешто сериозно:
Нашето Скопје сериозно се наоѓа во процес на целосна девастација.
Почитувана Арсовска, заминете си !!!
Поднесете оставка !!!
Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно, Градот, Ви се случи. Непланирано. (Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа).
Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има. И заради Градот (не толку убав во задње време) во кој што сите живееме.
За душегрижниците: немам намера (ниту жал, носталгија за функција. Адвокат сум ), но живеам во Скопје и го сакам овој град. И како граѓанин мислам дека овде ништо не е е во ред !!!
За надворешните (а богами и внатрешните) душмани: функцијата не го прави човекот. Напротив !!! Човекот ја прави функцијата …