Во сообраќајна контрола вчера на територија на државава изречени се 411 санкции за брзо возење.
Како што соопштуваат утрово од МВР, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, a две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 221 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 190 надвор од населено место.
МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.