„Дрогите и прекурзорите најчесто одат преку зелени канали , тоа се преку диви канали кои се во надлежност на Граничната полиција. Можеби помалку сме изложени на шверц на границите со Европска Унија кон Грција и Бугарија а можеби сме можеби сме поизложени кон Србија и Косово и Албанија“ рече Стефан Богоев, директор на Царинската управа и потпретседател на СДСМ во утринското интервју на „Слободен печат“.
Тој додаде дека се работи на сите полиња. Во континуитет работат на усогласување на Европската регулатива. Интензивно се работи и на кантарските белешки со Србија а набро очекува и во целост да проработи „One stop Shop“.
Ги усогласуваме и транзитните системи со ЕУ и нивната регулатива. Можете вие да отворите транзитна постапка во Македонија и да ја затворите некаде во Хамбург. Значи цела транзитна линија да ја поминете со една постапка. На тоа поле сме ресичи усогласени. И продлжуваме да се усогласуваме.
Од другастрана, Отворен Балкан е прилично корисен за добар дел на транспортни компании, увозници и извозници. Генерално сите тие земји тежнееме кон усогласување со регулативата на ЕУ. Нешто што очекувам да се случи во почетокот на нареднтата година е меѓусебно признавње на кантарски белешки, тие се мерењата на кванташка вага со српската царина. Тоа значи дека ако сте возач на камион , ако се мерите на вага на Прешево и велегувате на македонска страна на Табановце, нема потреба да се мерите и обратно. Тоа заштедува време .Имате две мерења а една граница. Тоа е незамисливо. Во моментов се изработува софтвер на македонскот МВР и српското со кое еднаш ќе се помине пасошот и тоа ќе биде баш она буквално „One stop Shop“. А ние како Царинска управа имаме олеснети постапки во рамки на Отворен Балкан“, рече Богоев.