ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Годинава 440 лекари положија стручен испит

December 27, 2023 13:01
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во 10 испитни сесии кои беа организирани во текот на 2023 година стручен испит положија вкупно 440 доктори на медицина кои ги исполнуваат условите за добивање на лиценца за работа, соопшти Лекарската комора на Северна Македонија.

Најголем интерес за полагање на стручен испит и оваа година имало во декемвриската испитна сесија кога положиле 232 доктори на медицина.

Докторите на медицина по завршување на медицинскиот факултет и приправничкиот стаж, најдоцна во рок од една година треба да полагаат стручен испит за да може да се стекнат со лиценца за работа. Организацијата на полагањето на стручниот испит е една од надлежностите на Комората, покрај издавањето на лиценци, водење на Регистар на лиценци, акредитација за континуираната медицинска едукација и спроведување на стручен надзор.

Минатата 2022 година стручен испит положиле 435 доктори на медицина, во 2021 уверенија за положен стручен испит добиле 350, а во 2019 година оваа бројка била 420.

Од Комората најавуваат дека во 2024 година ќе го модернизираат процесот на полагање на стручен испит, по примерот на останатите коморски асоцијации од западно-европските држави со кои се остварува блиска соработка.

– Базата на испитни прашања е обновена и дополнета и веќе е објавена на интернет страницата на Комората. Новина ќе биде тоа што писмениот дел од испитот ќе се полага на компјутер, каде посебен програм ќе генерира тест со испитни прашања и понудени одговори од кои само еден ќе биде точен. Откако ќе бидат одговорени сите прашања, компјутерскиот програм автоматски ќе го дава и бројот на точни одговори, стои во соопштението.

Докторите кои точно ќе одговорат 60 проценти од прашањата ќе се упатуваат на полагање на практичен и устен дел од испитот. Во практичниот дел докторите ќе добиваат студија на случај на пациент и тие треба да објаснат како ќе го лекуваат.

Во последниот устен дел, како и досега, како што се наведува, акцентот се става на познавањето на етичните норми и правила кои лекарот треба да ги почитува во практикувањето на докторската дејност.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk