ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО ИНТЕРВЈУ) Проф. Гоцевски: Нужен е ЕУ консензус

December 28, 2023 13:35
in PMD, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ

За жал кога се потпиша Преспанскиот договор, реков во едно интервју дека најтешките преговори ќе се случуваат со Бугарија. Тоа го знам од многу одамна и ги следам македонско-бугарските односи, бидејќи и од Делчево потекнувам. Знам добро која е нивната основна теза. Таа теза е во спротивност со геополитичките, воено – стратегиските и другите интереси на големите играчи, и држави и колективитети, и во тоа Бугарија нема право и таа не може да издејствува некои работи, вели проф. д-р Трајан Гоцевски во гостувањето во емисијата „Слободен печат“, во соработка со ЦИВИЛ Медиа.

Говорејќи за пречките во интегративниот процес како и за стратешките определби на државава, проф. Гоцевски како член на Советот за безбедност на претседателот Стево Пендаровски истакна дека многу предизвици остануваат пред нас.

-Прво да почнеме од амбиентот. 2024 година е година на избори во САД, Русија, во Европската Унија итн и секако кај нас. Се поставува клучното прашање каде ќе тргне светот, големите политики. Клучното прашање е ние тоа да го процениме и таму да можеме да се приклучуваме. Бидејќи ние сме во изборна година и јас затоа кажав, првото и основно прашање за нас ќе биде фер и демократски избори, на коишто нема да имаме поплака од овие луѓе коишто не мониторираат. Тука за тоа мора да имаме обединување. Второ, националните и државните интереси во којшто спаѓа и европската интеграција, мора околу неа да се направи обединување затоа што алтернативите ги слушаме кои се, перспективите се многу јасни ако идеме во изолација и околу тоа прашање ние мора да постигнеме еден нужен консензус, дециден е проф. Гоцевски.

Тој изрази загриженост од поделеноста во македонскиот блок по прашањето на евроинтеграциите кои се усложни со недонесувањето на уставните измени.

-Меѓу прашањата кои ме загрижуваат е поделбата околу ова прашање и затоа често пати мислам дека е можен консензус, тоа е врвно националано и државно прашање бидејќи сега имаме две линии на поделба на македонското општество, а треба да правиме да биде кохезивно општество, бидејќи како општество влегуваме во тие колективитети. Ние таму не влегуваме како албански, македонски блок, влегуваме како општество, не како невладини организации или како политички партии. Еве сега поради непостигнување на некаков консензус, што го направија и Хрватска и Словенија и Бугарија пред да влезат во НАТО и ЕУ, кај нас само тоа не се случи, имаме поделба кај албанскиот блок кој исклучиво поддржува евроатлански интеграции, нема ниту една партија која има резерва, и таа поделба кај македонскиот блок е нешто пониска, а шавот полека се гледа дека не е цврст како што треба. Пострашна е поделбата во македонскиот блок по тоа прашање и тој не треба да се отвори како новина, зошто на тоа ќе се надоврзат идеите за учество на изборите во Македонија на политичка партија на премиерот на Косово. Тоа прашање е играње со оган и тоа по закон не може се дозволи но веќе се игра и тоа е на таа релација на поделеба на македонското општество. Ние бевме многу фер во односите со Косово, во секое време од признавањето до денеска. Нашата дипломатија мора да седне и да поработи и со Косово и со премиерот на Косово, смета проф. Гоцевски.

Професорот истакна дека како држава членка на НАТО треба да имаме и минимален консензус кон безбедносната заедница.

-Модернизација на Армијата не смееме да имаме од ден за ден, од година за година, тоа не треба да го расправаме и да го врзуваме ниту со една влада ниту со еден парламент, вели Гоцевски.

Професорот Трајан Гоцевски е првиот министер за одбрана во независна Македонија, а неодамна со Указ на претседателот Стево Пендаровски доби Орден за воени заслуги.

Целото интервју до проф. д-р Трајан Гоцевски погледнете го во продолжение:

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

Ковачевски за ЦИВИЛ МЕДИА: Вклученоста на целото општество е решението во борбата против дезинформациите

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk