Платите на сите педагошки специјалисти во Бугарија од 1 јануари идната година же бидат зголемени за 8,4 отсто, јавија бугарските медиуми. Тоа е резултат од новиот Колективен договор за работа за предучилишниот и училишниот образовен систем, што денеска го потпиша министерот за образование и наука Галин Цоков и социјалните партнери.
Со зголемувањето, почетната минимална основна плата за наставниците ќе биде 1.853 лева (околу 920 евра).
Минималната основна плата за постарите наставници и постарите воспитувачи станува 1.911 лева, а за главни наставници и главни воспитувачи – 1.985 лева (околу 1.000 евра). Директорите ќе добиваат основна плата од најмалку 2.257 лева, а замениците – 2.088 лева.
Во новиот Колективен договор за труд се зголемуваат и платите на ненаставниот кадар, при што зголемувањето е поголемо за лицата со соодветна стручна квалификација, како на пример за помошници воспитувачи во градинките.
За зголемување на платите на наставниците од државниот буџет се обезбедени близу 290 милиони лева.