ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицк(О)позиција што ѝ дава мрачен изглед на државата!

December 30, 2023 16:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ / FRONTLINE

2023 година ја затекна Северна Македонија во невидена и деструктивна блокада од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и руската тенденција да го прошири своето влијание на Западен Балкан, вклучително и во Скопје. Како резултат на тоа, земјата не ги започна преговорите за членство со Европската Унијата, додека изборите во 2024 година се очекува да го зададат последниот удар на овие деструктивни сили за земјата да го продолжи непречено својот пат кон ЕУ.

СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, Демократската партија на Албанците и сите прогресивни проевропски сили во земјава остануваат најдобрата опција за европската перспектива и иднината на Северна Македонија.

Соочени со нескротливо, националистичко и деструктивно противење на европската интеграција на земјата – проевропската политика останува единствената опција која гарантира иднина, перспектива и благосостојба за сите граѓани на земјата, без разлика на националност, религија или каква било друга ориентација.

Во идната проевропска влада што ќе произлезе од двојните претседателски и парламентарни избори во 2024 година, ќе има место за сите прогресивни сили, вклучително и за партиите на Албанците – нивното гласачко тело е проевропски и проамерикански ориентирано.

Несреќа е што некои од нив, како Движењето БЕСА, Алтернатива, Демократското движење и Движењето „Самоопределување“ на Албин Курти, собрани во таканаречениот „Европски сојуз за промени“, го следат погрешниот пат на напредокот на државата кон ЕУ, построени се зад деструктивните политики на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, некогаш тајно, а некогаш јавно.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, не само Албанците, туку и Македонците и другите граѓани на оваа држава нема да имаат сигурна иднина. Нејзините мрачни политики ја водат државата во амбис и враќање на внатрешните меѓуетнички проблеми, меѓународна изолација, поради пречките предизвикани на евроинтеграцискиот пат. На регресијата што ѝ се заканува на државата од националистичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица, граѓанките и граѓаните – меѓу изолација и прогресот треба да изберат проспоритет и напредок!

Со заминувањето на Никола Груевски од врвот на ВМРО-ДПНЕ и неговото бегство во Будимпешта, Унгарија, каде што доби статус на политички азил, граѓаните очекуваа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се реформира. Но, за жал, не се случи тоа! Напротив! Наместо да се реформира, таа уште повеќе се деградираше. Долго време по бегството на Груевски беше контролирана директно од Будимпешта, додека по заладувањето на односите на Никола Груевски со актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оваа партија водеше уште полоши политики, враќајќи се во времето на 90-тите кога бараа гасни комори за Албанците, повторно се врати во времето на Никола Груевски и Сашо Мијалков кога беа прогонувани бизнисмени, а граѓаните кои сакаа соживот, толеранција и заедништво – биле малтретирани. Се врати на потеклото на лажниот национализам – за политички придобивки!

Меѓу „Фронтот за Европа“ и „Фронтот за регрес“ (националистички) веќе извесно време се води битка и тешка конфронтација околу интеграцијата на земјата во ЕУ. Затоа, проевропските сили мора да го победат овој проруски дух, бидејќи во спротивно сметката ќе ја платат државата и граѓаните, а не политиката.

Сите партии со проевропски и проамерикански ориентации мора да се вклучат во заеднички фронт, вклучително и опозициските партии на Албанците, за иднината на земјата, а не за фотелјите на идната владина гарнитура.

Отворањето на разговорите меѓу Украина и Молдавија со ЕУ е јасен сигнал дека тоа ќе се случи многу брзо со земјите од Западен Балкан. Францускиот предлог е „лек“ за одење без пречки кон ЕУ. Рамка која никој нема да може да ја промени, но која бара да се спроведе. Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ пред македонскиот електорат дека ќе наметнат предлог или поинакво решение се само лага. Ниту тие самите не веруваат во оваа нивна лага. Па да размислиме со ладна глава и да ја земеме во раце судбината на нашата земја и нашите деца, построени зад проевропскиот фронт.


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Битиќи за автопатот Кичево-Охрид: Ако нема капацитет од изведувачите, ќе треба да најдеме нови, сите треба да сфатат дека време за губење нема

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk