„СДСМ го продолжува растот на платите и пензиите. Од месец март следува ново покачување на минималната плата, на 22.500 денари. Во изминативе 6 години, СДСМ ја зголеми минималната плата за 4 пати.“, соопштиваат од СДСМ.
Оттаму истакнуваат дека „за само неколку години СДСМ ја зголеми минималната плата за над 100% во споредба со времето на ДПМНЕ“.
„Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа просечната плата да ја покачи на 39.000 денари, за разлика од времето на ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 22 илјади денари. Денес, просечната плата е за 300 евра повисока во однос на 2016 година. Воведовме законски решенија, коишто во себе содржат методологија за раст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата. Со СДСМ платите и пензиите ќе продолжат да растат“, се наведува во соопштението од СДСМ.