ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Излезе од печат „Заборавениот јазик“ Вовед во разбирањето на соништата, бајките и митовите од Ерих Фром на македонски јазик во издание на „Гаврош“

Веруваме дека преводот на ова дело, првпат објавено во 1951 година, не само што ќе го зголеми фондот на научна литература во доменот на хуманистичките науки и психијатриска практика, туку ќе го пронајде патот до широк круг читатели или до сите нас што настојуваме подобро да се разбереме себеси и другите.“, пишува издавачот.

January 3, 2024 11:18
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
„Заборавениот јазик“ Вовед во разбирањето на соништата, бајките и митовите од Ерих Фром на македонски јазик во издание на „Гаврош“

„Заборавениот јазик“ Вовед во разбирањето на соништата, бајките и митовите од Ерих Фром на македонски јазик во издание на „Гаврош“

На самиот крај на минатата година излезе од печат новиот наслов на издавачката куќа „Гаврош“,  „Заборавениот јазик“ Вовед во разбирањето на соништата, бајките и митовите од Ерих Фром во превод на Слободанка Марковска.

„Фром како еден од највлијателните мислители на модерните времиња, ни презентира инспиративна научна расправа за разбирањето на природата на искуството од соништата поаѓајќи од тезата дека тие се напишани со еден универзален јазик што луѓето во модерноста го заборавиле, а тоа е симболичкиот јазик.
Веруваме дека преводот на ова дело, првпат објавено во 1951 година, не само што ќе го зголеми фондот на научна литература во доменот на хуманистичките науки и психијатриска практика, туку ќе го пронајде патот до широк круг читатели или до сите нас што настојуваме подобро да се разбереме себеси и другите.“, пишува издавачот.

„Ако е вистина дека способноста за чудење е почеток на мудроста, тогаш оваа мудрост е тажен коментар за мудроста на модерниот човек. Колкави и да се придобивките од високиот степен на нашето литерарно и општо образование, ние сме ја изгубиле дарбата за чудење. Се мисли дека сѐ e веќе осознаено – ако не од нас лично, тогаш од некој специјалист чија работа е да го знае она што ние не го знаеме. Всушност, да се биде зачуден е непријатно, тоа е знак на интелектуална инфериорност. Дури и децата ретко се изненадуваат, или барем се обидуваат да не ни покажат кога ќе им се случи тоа; со годините, постепено ја губиме способноста за изненадување. Да се знаат точните одговори се чини дека е најважно; во споредба со тоа, да се постави вистинско прашање се смета за безначајна работа. Можеби токму ваквиот став е причината зошто една од најзбунувачките појави во нашето живеење – нашитесоништа – толку ретко предизвикува чудење и поставување прашања. Сите ние сонуваме; не ги разбираме сопствените соништа, а сепак се однесуваме како ништо чудно да не се случува во нашиот ум додека спиеме; чудно барем во споредба со логичките, целисходни активности на нашиот ум кога сме будни.“ (извадок од делото) 

„Заборавениот јазик“ ќе може да се најде низ книжарниците во земјава.

Tags: ГаврошЕрих ФромНова книга
Next Post
Hector Curriel

Закрила

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk