ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

И авионите летаат како што „свири“ ДУИ

January 5, 2024 15:41
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДИЈАНА ТАХИРИ

Старешината Ахмети ( како што милуваат да го нарекуваат неговите поклоници), вчера си го славеше роденденот во придружба на пејачи, а и самиот пееше.

Што има пак врска сега Али Ахмети, неговиот роденден со она што следи подолу? Или со авиони? Или со контрола на летовите на  авионите?

Додека траеше роденденската прослава ( дозволете ми малку фикција, бидејќи се случуваше во ист ден, колку и да не е во исто време од денот)  во објектот на скопскиот меѓународен аеродром, во просториите каде што се извршуваат исклучително комплексни задачи – контрола на прелети и се што подразбира тоа, како што е и безбеден лет, безбедни слетувања и полетувања, надзор на воздушните простори низ кои патуваат наши сограѓани и граѓани од целиот свет – членови на неговата партија и негови блиски соработници влегле и ги натепале службениците.

Ова не е инцидент, туку е продолжение на долгогодишната пракса на доминација на вработени со препорака од  ДУИ, со што контролата на летови на  скопскиот меѓународен аеродром, долги години е под феудално водство на оваа партија, која очигледно има монопол врз контролата на летовите, а со тоа, за жал и врз стотици илјади животи!

Ниту една реакција по вчерашното насилство и демонстрирање моќ – не е претерана. Замислете си само, доколку во текот на упадот на насилниците од ДУИ (имињата, односно името на главниот насилник го знаеме, Б. Незири, за кого само што прочитав дека е на распит во МВР) , се случеше хаварија во контролата, со голема веројатност од фатални последици?!? Па дури, меѓу патниците може да биле и членови на ДУИ, кои и вчера и денеска молчат ( или барем не се произнесуваат јавно), мислам повеќе од страв отколку од срам… Бидејќи главниот насилник е познат по демонстрации на сила, од порано.

Што се однесува до најавата од синдикатот на Контролорите за летање, за штрајк доколку тројцата извршни директори на М-НАВ не си поднесат оставки или Владата не ги разреши, не сум баш сигурна дали се работи за штрајк поради совесност при извршување на оваа деликатна работа, или, можеби, за замена на моќта во М-НАВ. Бидејќи, според досегашните искуства, да бидеш директор на М-НАВ во Македонија, а сега веќе и во Северна Македонија, е желба која доколку ти се исполни, ќе гледаш да ја живееш што подолго. Односно, ако може, до пензија!

Најмалку што очекувам, од МВР, да постапи најригорозно, исто и од ЈО. Дури, би побарала во име на патниците и авиопревозниците, и отштета за намерно попречување на контролата на летовите, и со тоа, директно донесување во опасност на ( наведете бројка) патници, членови на авионска посада и сите други кои во моментот би се нашле под директна закана од судир, пад на авионот.

Очекувам и поскоро објавување на нови имиња на „црната листа на САД“, па можеби и ќе се изненадам!

Звучи фаталистички, нели? За добро упатените во контролирање на летовите, можеби и звучи. За нас другите, не само што звучи, туку е и мисла која ќе не води секогаш кога ќе решиме да купиме авионска карта…

Што се однесува до славеникот Али Ахмети, на кого веројатно му се расипала прославата по веста за дивеењето на неговите поклоници, сметам дека е одговорен колку и насилниците. Бидејќи, според однесувањето, тие имаат „бланко“ дозвола од него, „старешината“, „таткото“ , да прават како што мислат, бидејќи се под негова закрила.

Што значи контрола на летовите?

Специјалистите за контрола на воздушниот сообраќај, или популарно „контролори на летови“ се одговорни за безбеден, уреден и експедитивен проток на воздушен сообраќај во глобалниот систем за контрола на воздушниот сообраќај. Обично стационирани во центрите за контрола на воздушниот сообраќај и контролните кули на земја, тие ја следат позицијата, брзината и надморската височина на авионите во нивниот назначен воздушен простор визуелно и со радарот и им даваат насоки на пилотите преку радио. Позицијата на контролор на летање  бара високо специјализирани знаења, вештини и способности. Контролорите применуваат правила за раздвојување за да ги задржат авионите на безбедно растојание едни од други и во соодветниот воздушен простор во нивната област на одговорност, и да ги преместуваат сите авиони безбедно и ефикасно преку нивниот доделен сектор на воздушниот простор, како и на теренот.

Бидејќи контролорите имаат неверојатно голема одговорност додека се на должност (честопати во авијацијата, „на позиција“) и донесуваат безброј одлуки во реално време на дневна основа, професијата „контролор на летови“  се смета низ целиот свет за една од ментално најпредизвикувачките кариери, и може да биде исклучително стресна во зависност од многу варијабли (опрема, конфигурации, временски услови, обем на сообраќај, тип на сообраќај, специјални активности, владини активности, човечки фактори) – дел од описот на работата на контролата на летовите), се наведува во дел од описот за контрола на воздушниот сообраќај на Википедија.

На здравје летање!

Извор: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторката.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДУИконтролори на летањереакции

НАЈНОВО

ЕК предвидува благ раст на европската економија и натамошно намалување на инфлацијата

May 19, 2025

Велика Британија склучи нови договори и ги обнови врските со ЕУ

May 19, 2025

Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk