ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски и О’Брајан од Вашингтон: Периодот што следи е битен во кој правец ќе се движи понатаму Северна Македонија

January 12, 2024 10:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари средба со помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан. Средбата, како што нагласуваат од Министерството за внатрешни работи, поминала во пријателска атмосфера, а се разговарало на повеќе теми, меѓу кои поддршката од САД за МВР и за државата генерално, напредокот во борбата против корупцијата, како и за листата на санкции на САД.

-Преку програми за обука, заеднички операции, модернизација на единиците на МВР, направивме значителен исчекор во почитувањето на владеењето на правото и особено во заштитата на нашите граѓани од штетните влијанија на корупцијата. Императив за Владата на Република Македонија и МВР е борбата против корупцијата, да победат чесните наспроти корумпираните. Успехот во таа борба е можен само со институции кои постапуваат со интегритет, професионално и неселективно, особено во делот на правосудството, истакнал Спасовски.

Притоа, министерот за внатрешни работи споделил статистика за резултатите на МВР во делот на борбата против корупцијата.

-Од аспект на МВР, можам да кажам дека само во 2023 година се утврдени над 64 коруптивни злоупотреби, откриени 121 кривични дела, со вкупно 178 сторители, причинета е материјална штета од над 350 милиони денари. Откривачката функција на полицијата во 2021 година беше зголемена за дури 50 проценти. Воедно, би сакал да истакнам дека за времето откако јас раководам со МВР, од страна на ОСОСК во временскиот период од 2017 – 2023 година само за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ биле поднесени вкупно 44 кривични пријави против 170 физички и 2 (две) правни лица”, го информирал Спасовски својот соговорник.

Министерот Спасовски истакнал дека сите директиви и лицата ставени на листата на санкции на САД ќе бидат ставени во законска рамка за да немаат можност да учествуваат во јавни набавки, да бидат дел од Владата, ниту пак да бидат кандидати за извршување јавни функции.

Во оваа прилика, Спасовски го информирал О’Брајан за Mеѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, како и за предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки.

-Со големо задоволство сакам да ве информирам дека уште еден значаен инструмент за успешно спроведување на борбата против корупцијата и организираниот криминал е и предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, во кој ќе се допрецизира делот на постапувањето по усвоени рестриктивни мерки на правни акти на Соединетите Американски Држави. Министерството за внатрешни работи во спроведувањето на мерките на овој Закон ќе ги користи каналите за меѓународна соработка, пред се Интерпол, Европол, СЕЛЕК и др., преку кои ќе овозможи непречен проток на потребните информации во насока на понатамошно обезбедување на докази и спроведување на своите надлежности согласно Законот за кривична постапка и Кривичниот Законик, подвлекол Спасовски на средбата.

Од страна на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан било потенцирано дека ова се многу важни чекори кои МВР и Владата на Република Македонија ги преземаат во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

На средбата двајцата соговорници се согласиле дека европскиот пат нема алтернатива и оти периодот што следи е клучен за Република Македонија, во однос на техничката Влада и изборите, како и дека предизвиците коишто доаѓаат се многу битни за тоа во кој правец ќе се движи државата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МВРОливер Спасовски

НАЈНОВО

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

СЗО: Два милиона луѓе гладуваат во Појасот Газа

May 19, 2025
Фото: Х на Володимир Зеленски

Зеленски му подари на папата Лав XIV икона насликана на фрагмент од сандак за муниција донесена од Изјум

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk