ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска-Сидорф: Спортот е моќна алатка за промоција на позитивни општествени промени и вредности

January 15, 2024 15:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа онлајн средба со Кларенс Сидорф, глобален амбасадор на УЕФА за диверзитет. Сидорф е најуспешниот фудбалер во холандската историја и еден од шесте луѓе во светот, кои Нелсон Мандела ги избрал како „шампиони на наследството“.

Двајцата соговорници се согласија дека споделуваат заедничка визија и заложби насочени кон позитивни социјални промени и дека преку спортот се шират благородни вредности и идеи, кои имаат особено значаен ефект кај младата популација. Имајќи го предвид глобалниот активизам на познатиот холандски фудбалер, таа упати покана до него да ја посети Северна Македонија во наредниот период, оценувајќи дека неговата посветеност и ентузијазам за промоција на вредности и инклузивност во општеството ќе има значаен одек и позитивен придонес во земјата и во целиот регион.

На состанокот се разговараше за можностите за заедничка соработка околу справување со корупцијата во спортот, како и за активности преку кои се отвораат можности за спортување на сите, особено за децата со попреченост.

Вицепремиерката го информираше Сидорф за активностите кои нејзиниот кабинет ги презема во изминатиов период, вклучително и за адресирање на проблемот со корупцијата во спортот во домашната легислатива. Таа се осврна и на потребата за подигнување на јавната свест за адаптирање на спортските објекти во земјата, во насока на овозможување спортски активности за лицата и децата со попреченост.

Кларенс Сидорф стана познат глобален активист по завршувањето на неговата кариера како фудбалер и го користи влијанието на спортот за промоција на позитивни општествени промени и создавање подобар свет, преку неговата Фондација „Шампиони за децата“, основана во 2004 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГрковскаСидорфспорт
Next Post

Тренчевска: Нови мерки за граѓаните по изборите, во фокусот ќе биде социјално ранливата категорија

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk