ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

За корупција зборуваат, корупција прават

Анкетите (на кои најчесто и се повикува ВМРО-ДПМНЕ) покажуваат дека секој четврт граѓанин се жали на корупција на локалната власт и е едновремено незадоволен од она што го добива како услуга.

January 15, 2024 15:58
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Корупцијата како општествен феномен на Балканот била секогаш присутна, граѓаните ја препознавале, ја чуствувале, па дури почнале и да ја практикуваат во нивното секојдневно живеење, само за да можат да завршат некоја работа што им била поважна од парите што ќе ги дадат за таа намена.

Затоа и дотуркаа до таму да ја креираат познатата парадигма што стана политичка одредница за Владата на ВМРО-ДПМНЕ: „Крадеа, ама и градеа“!

Значи не им беше толку важно дека ги крадат, поважно им беше тие што ги крадат и нешто да изградат за и тие да имаат некаков бенефит од корупцијата што цветаше и од која се богатеше само едно семејство.

Односот на граѓаните кон корупцијата останал ист. До скоро, овој феномен според анкетите, не им бил животен приоритет со кој секојдневно се замарале. Едноставно имале други поголеми потреби кои ги очекувале од власта. А тие како што покажува анкетата на ИРИ се економски категории како сиромаштијата, нискиот стандард на живот, високите цени, ниските плати, пензиите.

Прашањето за корупција и криминал што во последно време исплива на површина како тема без која нема перспектива во земјата беше дури на седмо и осмо место во перцепцијата на граѓаните.

 

Оттаму може да се заклучи дека корупцијата стана општонародна опсесија, како имплант, условно речено, однадвор: прво од страна на меѓународната заедница, најшироко сфатена и второ како предизборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ, која тезата за уставни измени ја замени со борбата со криминалот и корупцијата како базична во настојувањето да се дојде на власт.

Отворањето на прашањето за корупција е легитимно без разлика од каде доаѓа иницијативата за справување со оваа општествена болест. И многу важно да се лоцира каде таа се раѓа, каде егзизтира и кој ја храни. На кое на ниво на власта, во бизнисот, во образованието, во здравството или во секојдневието.

Но, иронија е ако за корупција во власта зборува-власта. А имено ВМРО-ДПМНЕ го прави токму тоа. Секојдневно ја бомбардира јавноста со обвинувања за криминал и корупција на актуелната Влада, а самата таа е доминантна власт на локално ниво.

Анкетите (на кои најчесто и се повикува ВМРО-ДПМНЕ) покажуваат дека секој четврт граѓанин се жали на корупција на локалната власт и е едновремено незадоволен од она што го добива како услуга.

Овој огромен пад на задоволството од услугите во локалната самопуправа е оправдан ако се има предвид дека општините добиваат огромни суми на пари по разни основи, а немаат проекти со кои би ги добиле тие средства. Според информациите на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, само од Свестска банка се издвојуваат 100 милиони евра за проекти во општините, од кои 50 милиони за улици и 50 милиони за водоснабдување и канализации. Доплнително што од Владата добија уште 35 милиони евра за проекти кои треба да бидат наменети за потребите на граѓаните.

Легитимно е прашањето за корупцијата и каде одат овие пари ако не завшуваат во проекти за граѓаните. Дали тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ зборува за корупција на централно ниво само за да ја покрие својата корупција на локално ниво. Или со други зборови, дали ВМРО-ДПМНЕ го прави она што секогаш и го правела кога е на власт.

Оттаму оправдан е стравот кај граѓаните дека ако за само две години практикување локална власт ВМРО-ДПМНЕ веќе е под сомнеж за корупција, таква ќе биде и на централно ниво.

Можеби и затоа вицепремирот за  европски интерграции Бојан Маричиќ вели дека со корупцијата мора да се бориме сите заедно преку патоказите кои се изготвени како резултат од скринингот кој не води до ЕУ.

Имено, да сме можеле самите да се справиве со корупцијата досега, ќе сме го направеле тоа.

Извор: Рацин.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: корупцијалокална власт

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk