Пишува: ВЛАДИМИР КОЧОВСКИ
Внимателно се тргаше милето, кое беше филигрански правено од мајка ми.
Ја уште сумњам дека некој имал толку нерви, време, умешност тоа да го направи баш така.
Масата се извлекуваше од двата краја.
– Ќе стигне?
– Нема…ќе ни требаат и столици.
Веко, не го знаете вие, веќе ја изнесува масата од кај него а Лела носи столици.
– Где да метнем ово?
– Где да метнеш…у соба, ајде ко прв пут да ти е, дај наваму.
Веко беше сарајлија и никогаш не прозборе ниту еден збор македонски, не се ни трудеше. Тоа не се приметуваше, се разбиравме без „титл” тоа беше нормално.
Мајка ми ги вадеше белите чаршафи кои се користат само у свечани прилики.
Куќата мирисаше на кифлици, тие последни се печеа да бидат баш она…
– Добро, столици ваљда има, ако зафали ќе земеме уште…може овде да се седи и на тросед, двосед…добро е.
Ја гледав од страна и веќе знаев кој кај ќе седи. Го гледав цело славење пред да почне. Знаев кој како ќе биде облечен. Па добро, секој имаше по едно – две свечени одела така да не беше ни тешко да се погоди.
Мајка ми имаше убав глас, татко ми знаеше да пее, Веко да „грмне” Лела стално бегаше од тој тоналитет што после дознав дека се вика терца.
Гостите беа убави, дотерани, насмеани.
На една половина од масата се „дебатираше” за фирмите у кои работат, на другата половина за спорт.
Таму на троседот и фотељите се разменуваа рецепти, се оговараше.
Телевизорот беше исклучен за да не смета. Радио може да се пушти ал само ако има добра музика, а пошто баш и не се погаѓаа тие песни, гореспоменатите ги интерпретираа пазејќи на секој тон ко да снимаат плоча.
Нормално дека не ми се идеше у војска. Тогаш тоа беше чест и обврска, така викаа и тој долг према државата мораше да се одслужи.
– Земи ќе ти се најде.
– Имам бре пари мајка ми даде…сите ми дадоа…не ме праќате да го купам Загреб…
– Остај сега…тоа што мислиш да трошиш по пут у десен џеб…стај ситни пари у левиот џеб, другите у торба најдоле добро?!
– Више ги стаив не ми е прв пут.
Мајка ми припиена до мене ме стискаше толку силно како да нема да ме пушти. Очите и беа насолзени а татко ми со ишарет и кажуваше да не плаче.
– Еве ти ја и картата, спавача кола, дугачко се путуе до Загреб…е сега и ти ќе раскажуваш за „Трг Републике” и „Градска кафана”.
Татко ми студирал у Загреб па отекуваше у секој муабет за тој Трг и тој велелепен град.
Влегов во возот со чувство како тука да запира сè…како да почнувам нешто сосема друго.
– Еј…Влатко…држи
– Не пушам бе..
– Ајде сум те видел сто пути…мајмун еден.
Возот тргна а ја уште долго гледав накај перонот.
Нормално дека не спиев. Стоев надвор од купето и гледав низ прозор и у онаа плочка „не нагињи се кроз прозор”.
Наставиче се…