ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата со консензус, едногласно, ги одобри измените на законот со кои американските и британските црни листи стануваат основа за санкционирање

January 16, 2024 21:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, на денешната седница дискутираше околу предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки и со консензус, едногласно, изрази политичка волја да се поднесе закон до Собранието, којшто ќе биде усогласен со домашното законодавство, соопшти владината прес-служба.

Од Владата  најавуваат дека ќе бидат иницирани измени и на други закони, на коишто ќе имаат одраз измените на Законот за рестриктивни мерки.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, претходно, преку својот Фејсбук профил соопшти дека Владата на денешната седница ги одобрила измените на Законот за рестриктивни мерки, со кои, како што вели, американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции.

Шефот на дипломатијата, минатата недела на брифинг со новинарите информира дека  Министерството за надворешни работи почнува јавна расправа по однос на измените на Законот за рестриктивни мерки кои што имаат за цел проширување на опфатот на овие рестриктивни мерки, како и инструментите коишто се на располагање на државата во услови на воведени рестриктивни мерки.

-Согласно сегашното решение, Законот за рестриктивни мерки ги регулира прашањата на воведување, изменување и престанување на важењето на рестриктивните мерки, како и механизмите на координација и надзор на примената на истите. Како основи за воведување рестриктивни мерки во сегашното решение се – задолжителни обврзувачки резолуции на Советот за безбедност на Обединети нации, правни акти на ЕУ, други меѓународни организации во кои членува земјата и на барање на надлежни органи на други држави за прашања на тероризмот и пролиферација на оружјето, истакна Османи во изјава за медиуми по брифингот со новинарите.

Тоа што се предлага со овие измени на Законот на оваа јавна дебата, додаде Османи, е да се додадат како основ за воведување на рестриктивни мерки од страна на државата и правните акти на САД и правните акти на Обединетото Кралство како валидна основа за воведување рестриктивни мерки.

-Како инструменти што ги има државата при воведување рестриктивни мерки се покрај ембарго за оружје, забрана за влез во Северна Македонија за граѓани коишто не се државјани на Република Северна Македонија, се разбира и финансиски мерки вклучувајќи конфискација на имот. Меѓутоа се проширува Законот со уште еден опфат, а тоа е прво, од целите на Законот освен меѓународната безбедност, демократијата, се воведува и корупцијата, злоупотреба на службената должност и хибридните закани кон државата како цели коишто сакаме да ги постигнеме со измените на Законот за рестриктивни мерки. Се додаваат и два важни инструменти – откако се задолжува институцијата предлагач да ги достави сите докази – материјални, нематеријални до Јавното обвинителство, ЈО законски се обврзува веднаш да почне кривична постапка, вклучувајќи и конфискација на имот, и доколку заврши таа истрага со подигнување на обвинение, тогаш се воведуваат два нови инструменти, а тоа е времено престанување на вршење на јавна функција и забрана за учество во процесот на јавни набавки се до правосилна судска одлука, појасни Османи.

Ова, подвлече тоји, се суштинските измени на Законот за рестриктивни мерки, додавањето на правните акти на САД како основа за воведување покрај тие на ЕУ и обврската институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а обврска на Обвинителството е да започне веднаш постапка и доколку заврши со обвинение, времено спречување на вршење на јавна функција и забрана за учество во постапка за јавни набавки доколку се работи за правни субјекти. 

Поврзано: 

МНР за „црните листи“ предлага законски измени со кои и правните акти на САД и Обединетото Кралство се валидна основа за воведување на овие мерки

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Велика БританијаВладаСАДцрни листи
Next Post

Македонско срце во Берлин: „Златниот“ Томовски ја урна Швајцарија за убав крај на Европското првенство

НАЈНОВО

Голема победа на ракометарите на Вардар во Тулуз

October 21, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Крадците од музејот Лувр предизвикале штета од 88 милиони евра

October 21, 2025

Мециновиќ: Вториот круг е избор меѓу статус кво-то и вистинска промена

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk