ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Апатоси и неутрони

January 17, 2024 13:26
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ЧУПЕСКА

Интересно во политичките анкети нарачани, скриени, нeнарачани, најавени или ненајавени, реални и не; најдебелата линија им припаѓа на т.н „неопределени” која со години наназад е константа.

За неа сите се тепаат.

Во тој опсег Дафа и Влатче, пред некој ден токму нив ги беа повикале да им дадат поддршка ( на ВМРО, де); но, овој повик како ќе го третираме : како започната кампања, или како несигурност и неизвесност за изгледите од нивен успех !?

Сепак, неопределените, во голем дел веројатно се и неутронизирани, или, се божем аполитични, или пак, “не се замараат со политика”; или се разочарани утописти; или се “исташи” (сите се исти).

Какви и да се, тие се, да си ги носиме со здравје!

И легитимно прашање е : дали навистина на овие луѓе не им е битна состојбата и иднината на државата? Дали, навистина немаат минимум мотив да го дадат својот глас; оти и нереспонзивноста е веќе конкретен политички став – за кој не сум сигурна дека има утилитет. Особено не!, во евентуалната прогресивна перспектива.

Доколку некој посериозно би се позанимавал со оваа категорија на “неопределените’’ ( како збир од граѓани со различни мотиви за нивната демотивираност), би можел да ја свати дури и претходната порака. Но, седентарискиот став; или, ставот дека “сите се исти”, е само порака за деспотите чија цел е токму таа : состојбата на апатија. Апатијата, пак, во поларизирачки услови, е смрт за политиката.

Поточно, поларизациајта во придружба на апатија е една типична состојба произлезена од постполитичката логика и од нелогичноста во поствистинитото доба, во кое најпожелни се токму тие : непартиципирачки апатоси. Со тоа , воедно им се остава и бришан простор на (нај)радикални гласови – кои ветуваат укинување на Преспански, на Охридски и чиста Македонија?!

Апатосите, оние со нула вајб, и нула динамика. Импотетни и одграѓанети граѓани, ( кои секако дека имаат своја причина да бидат такви ) сепак, мислам дека мора да се освестат околу тоа дека ефектот од нивната “таквоќа’’ всушност му овозможува на радикалниот и нееманципиран глас да добие поголема тежина од тоа што реално ја има во квалитет, а уште помалку во политичка потенција. Особено не да направи радикална промена каква што ветува.
Нема шанса, тоа.

Во постполитичката состојба на поларизациајта и со паралелното отсуство на политичка партиципација, што имаме пред себе, т.е. што добиваме : пролонгиран статус-кво, или, имаме; политичко ништо. А штом низ политички одлуки не се менува ништо и нема ни можност за прогрес. На пример, ни во ЕУ ни надвор од ЕУ – е актуелниот статус-кво – кој ќе може да трае и трае и трае…. се до имплозија.

Прогресот, пак, е можен само ако се позанимаваме со активности како: сериозно антиципирање на сопствената слобода, на избор – пред сè.
Во ова статусквовска состојба (ни е ЕУ, ни надвор од ЕУ), да заклучам, имаме само едно огромно политичко Ништо; односно немаме можност за политика (во смисла на polemiko). Затоа и состојбата на пост-политика и во друштво со страотна вредносна (ама неподвижна и непартиципативна поларизација) де факто е одбрана на статус-кво!
Просто кажано: на неутроните им е топ! Супер им е, вака и сакаат статус-кво.

Неспорно за мене е дека ќе се залагам за што поголемо политичко учество на сите, без исклучок, и ставот дека „сите се исти” како чиста неутронска порака, која нит смрди нит мирише, никогаш нема да ја поддржам, прво, затоа што сакам да бидам одговорна за себе, и второ, не сакам со својата волја да овозможувам деспотија. Можам и јас да бидам радикална па да си кажам дека лично сметам оти можеби и задолжителното гласање е вистинската опција за да народот – како тој би се соочил со сопствената одговорност за својот живот и за да почувствува како е вистински да се биде одговорен за својата судбина и да ја прифати во целост својата самобитност.
Вака, во услови кога само теледиригирани гласачи се јасно определени, а тоа се најмногу 30% секако дека не само анкетите туку и самите резултати од изборите се поставени наопаку. Да не зборам за медиумското нивно толкување .Тотална тиња….
Конечно, „надвор од јадрото, неутроните се нестабилни и имаат краток животен век и они се распаѓаат претворајќи се во антинеутрони кој потоа стануваат протони. Неутроните во оваа нестабилна форма се познати како слободни неутрони”.

Или, политички некоректно : My ass, слободни.

Затоа, неутронскиот став (но, не и оној разочараниот и утописки- сладок и кревок); туку оној „исташкиот” и релативизаторскиот кој има голем удел во поголемата група од неопределените, освен што се поставува како морално супериорен, го индицира и тоа дека всушност му е добро вака како што е и сугерира дека на некој начин е привилегиран во статус-квото.

А статусот е таков што сега сме со само една, наместо со две нозе во ЕУ.

Конечно, она што останува енигма за мене, е зошто неутроните ја упатуваат таа порака дека им е добро, а можда и супер одлично, а притоа пливаат во матно, само со десната нога во водата на ЕУ.


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од Либертас.
Next Post

Претстојат големи температурни разлики, промена на времето се очекува во сабота

EVN

НАЈНОВО

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео X

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео BBC

Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk