Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од корисниците на улицата „Методија Андонов – Ченто“, зградите со број 72, 74 и 76 во општина Гази Баба.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок на улицата „Методија Андонов – Ченто“ број 75а.
Поради водоводен приклучок на улицата „Дане Крапчев“ бр.19 во општина Центар, без вода денеска од 10 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Дане Крапчев“, „Дебарца“ и „Славка Недиќ“.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите.