ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Панел-дискусија: ЕУ нуди квалитет на македонското образование и перспектива за секој млад човек

January 18, 2024 09:14
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Темелната и етапна реформа во образованието што ја спроведуваме во изминатите години има за цел да придонесе учениците да стекнуваат применливи знаења, да научат критички да мислат и да решаваат проблеми и подготвено да влегуваат во секој следен степен – од основното до високото образование.Ова го истакна министерот за образование и наука, Јетон Шаќири во своето воведно обраќање на панел-дискусијата Младински перспективи: Подобрување на квалитетот на македонското образование преку интеграцијата во ЕУ. Панел-дискусијата е дел од серијата настани во рамки на кампањата на Владата „Европска иднина, поблиску од кога било“ чија цел е да ги истакне придобивките од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Северна Македонија, како и подобро разбирање на реформите врзани со евроинтеграциите и приближување на европските вредности.

„Наставните програми што ги воведуваме поттикнуваат глобална свест, промовираат еднаквост, интеркултурализам и активно граѓанство, а практичното доближување до европските вредности се реализира преку програмата Еразмус+ и проектите во рамки на транснационалната размена на искуства, во кои и основните училишта имаат можност да се вклучат“, рече министерот Шаќири. Тој додаде дека исклучително успешна европско-македонска приказна е дуалното образование што се спроведува со поддршка на земји-членки на ЕУ, а кое овозможува стекнување на употребливи знаења, вештини и способности што ги прави средношколците баран кадар од домашните, но и од интернационалните компании во зоните, иако, со подеднаква успешност, можат и да продолжат со академско образование.

Директорот на Националната агенција за образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски во детали ги претстави можностите што им стојат на располагање на македонските ученици и студенти преку програмата Еразмус+, споделувајќи го податокот дека само во 2022 година дури 10.050 учесници од земјава биле дел од оваа најголемата образовна програма на Европската Унија.

„Од друга страна 26 проекти за младинска размена, за младинска мобилност, за размена на младински работници се реализирани 2022 година, во што се вклучени преку 100 македонски организации. Тоа навистина се бројки каде ги поттикнуваме младите не само на формалното образование , како студенти и ученици, туку и во делот на неформалното образование, бидејќи ако споменете дека Еразмус за некој е млад, тоа значи младинска размена, тоа значи да се поминат 7 до 14 дена некаде надвор за да можете да го подобрите вашето неформално образование“, рече Ѓоргиевски.

Ѓорги Тасев, советник за млади на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија на панелот ги претстави клучните политики што земјава треба да ги имплементира за да го подобри учеството на младите и нивниот образовен и професионален развој дома и како младите се вклучени во процесот на интеграција во ЕУ.

„Учеството на младите во креирање политики ќе расте уште повеќе во иднина со отворањето  на европските перспективи, на тоа сите мораме да работиме. Освен вклучување на младите на општествено ниво, треба да имаме вклучување на младите и на политичко ниво, затоа што мораме да имаме и млади лидери, па нека се и политичари коишто ќе знаат да направат промена. Како Влада и како учесници во повеќе процеси за млади, младите ги земаме како сериозни партнери и сакаме да ја користиме таа нивна енергија и визија којашто ќе ја унапредат позицијата на државата“, вели Тасев.

Ставовите на студентите од најголемиот универзитет во земјава „Св. Кирил и Методиј“, на панел-дискусијата ги претстави Давид Дамјаноски, претседател на Комисијата за надворешна соработка при Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

„Мобилностите кои се одвиваат преку Националната агенција се одлична можност за да видиме што се има надвор и што може да примениме дома. Сум бил на неколку такви и јас и можам да заклучам дека навистина се одличен чекор во стратегијата на државата и се одлична шанса која ЕУ ја пружи на нашата држава. Зошто младите сакаат да студираат надвор од државата? -Факултетите таму се претставени како нешто што, можеби не утопија, но како средина каде што еден млад човек може да просперира, за разлика од кај нас тоа нешто недостасува. Ние сме генерации кои што сме пораснале, а тие што идат после нас уште од раѓање се дел од дигиталниот свет“, рече Дамјаноски.

За младинскиот активизам и како интеграцијата во ЕУ влијае на афирмација на младите во општеството зборуваше Благица Ефтимова, проектна менаџерка и координаторка во ЦЕТ Платформа – дел од мрежата присутна во земји-членки на ЕУ и од регионот чиј фокус е развој на граѓанското општество, демократските институции, граѓанските вредности и неформалното образование за сите граѓани, а особено за младите на локално, но и на европско ниво.

„Треба да воведеме иновативни методи и да ги поврземе образовните програми со цел коишто ќе одговараат на потребите на пазарот на труд и со нивните потреби да ги развиеме капацитетите на младите и нивните вештини, за подоцна тие да бидат конкурентни на глобално ниво.  Ако ги земеме предвид образовниот европски систем, можеме многу брзо да го подобриме квалитетот на нашето образование. Ние имаме капацитети со неформални организации со невладини организации, непрофитни организации но ни недостига формалниот дел. Финска пример не се фокусира само на академските резултати, туку се фокусира и на креативниот размислување , критичкото мислење, тимската работа и неформалното образование“, вели Ефтимова.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ВОА

Kривична пријава за Љубомир Фрчкоски и уште три лица, според Фрчковски пријавата е срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

Дуковски: Казната е превисока, Судот не ги ценеше во доволна мера искреното каење и личноста на сторителот

May 13, 2025

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk