ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Борел: Мир на Блискиот Исток е можен само со сеопфатен процес за решение со две држави

January 22, 2024 09:24
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ние знаеме кој е Хамас и што направи и го осудивме тоа, но мир и стабилност не може да се градат со употреба на воени средства и не на начин на кој тоа го прави Израел, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската Унија во Брисел, на кој главни теми се состојба во регионот на Блискиот Исток и руска агресија врз Украина.  

– Ќе разговараме за сеопфатен пристап. Мислам дека треба да престанеме да зборуваме за мировен процес и да почнеме конкретно да разговараме за процес со решение за две држави. Мирот може да има многу различни делови. За каков мир разговараме? Затоа дајте да разговараме за тоа што сакаме да го направиме. Ако сакаме решение со две држави, да разговараме за тоа, рече Борел.

Според него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, важно е како ќе се нарекуваат работи и затоа отсега нема да говори за мировен процес, туку за процес за решение со две држави во кој мора да бидат опфатени сите делови, меѓу кои и Хамас.

– Знам дека е тешко, но мора да разговараме со арапскиот свет. Наша морална обврска е да направиме се, за да се обидеме да дојдеме до решение. Затоа од сега ќе говориме за процес за решение со две држави, истакна Борел.

Тој додаде дека и ЕУ и ОН знаат дека Израел не го прифаќа решението за две држави, но, како што рече, „дури и ако не се согласуваме, мора да разговараме“.

– Ќе разговараме да слушнеме какво решение имаат. Да ги протераат сите Палестинци? Да ги убијат? Веќе се убиени 25.000 во Газа, од кои 70 проценти се жени и деца. Тоа што го прават не е начин да се уништи Хамас, тие само создаваат омраза за генерации во иднина, рече Борел.

Тој оцени дека денешниот Совет за надворешни работи е исклучително важен, бидејќи досега на ниту едно негово заседание немало толку важни гости во вакви драматични околности, потсетувајќи дека европските шефови на дипломатиите ќе имаат одделни разговараат со министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, потоа со нивните колеги од Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан Ал Сауд, на Египет, Самех Шукри и на Јордан, Ајман Сафади и со генералниот секретар на Лигата на арапски држави, Ахмед Абул Геит и на крајот со министерот за надворешни работи на Палестинската автономна управа, Ријад ал Малики.

– Денеска тука ќе ги слушнеме сите фактори, сите земји кои се директно погодени од состојбата во Газа, додаде Борел.

Тој истакна дека за хуманитарната ситуација во Појасот Газа, европските министрите директно ќе бидат брифирани од новата координаторка на ОН за Газа, Зигрит Каг.

– Хуманитарната ситуација не би можела да биде полоша. Нема зборови со кои може да се објасни состојбата, со стотици илјади лица без ништо, без сметување, без храна, без лекови и изложени на бомби, додаде Борел.

Тој нагласи дека во такви услови секојдневно гинат многу цивили, па се поставува прашањето колку многу загинати е премногу и до кога ќе трае ова.

Според него, тоа што сега се доставува како хуманитарна поддршка за Газа, не е доволно за потребите на цивилното населени и мора да се направат напори да се отворат пристаништа и гранични премини за дистрибуција на помошта, бидејќи во сегашните услови луѓето не можат да опстанат.

Борел нагласи и дека тоа што во моментов ЕУ е посветена на барање решение за Блискиот Исток, не значи дека ќе ја запостави Украина, потенцирајќи дека случувањата во земјата се прва точка на дневниот ред на заседанието на Советот и дека Унијата ќе продолжи со поддршката за Киев.

– Украинците не треба да се грижат. Европската поддршката продолжува, силна како и секогаш и ќе продолжи, додаде Борел.

Next Post

Трамп: Голема чест ми е што имам поддршка од Де Сантис

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk