ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Лајчак: Треба да се искористи политичкиот замав во проширувањето на ЕУ

January 22, 2024 09:19
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак оцени дека треба да се искористи политичкиот замав во проширувањето на ЕУ.

Сумирајќи ја претходната недела, Лајчак синоќа на Фејсбук објави дека минатата недела бил во Давос на Светскиот економски форум, каде што беше ко-модератор на традиционалниот дијалог за западнобалканската дипломатија кога се расправаше за очекувањата и приоритетите во регионот и ЕУ во однос на проширувањето.

„Како ко-модератор, ја споделив забелешката дека постои значителен ентузијазам од источните партнери, но и скептицизам од Западен Балкан. Сегашниот момент на експанзија е реален, но, како што добро знаеме во политиката, не трае вечно. Затоа, сега клучното прашање е дали тој моментум ќе можеме да го претвориме во нов квалитет на проширување или ќе биде засекогаш изгубен“, напиша Лајчак.

Тој рече дека, како и секогаш, Давос се покажал како непроценлива платформа за поврзување со пријателите, колегите, партнерите од регионот и пошироко.

„Нашите разговори го опфатија целиот спектар на важни настани што се очекуваат оваа година, во Западен Балкан, како и на светската сцена“, истакна Лајчак.

Тој вели дека сега е време целосно да се фокусираме на следните чекори во дијалогот.

Лајчак оцени дека годишниот состанок на Светскиот економски форум, одржан минатата недела во Давос, каде што овојпат фокусот беше ставен на враќањето на довербата, го означува почетокот на дипломатската година, собирајќи ги лидерите од владите, бизнисот и граѓанското општество од светот, кои расправаа „за најитните предизвици со кои се соочуваат сите општества“.

Next Post

Борел: Мир на Блискиот Исток е можен само со сеопфатен процес за решение со две држави

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk