ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Супер е лепакот

January 22, 2024 13:33
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ЧУПЕСКА

Колку е жално тоа што најлепливата и најобединувачка идеја која најсилно ги поврзува сите различни граѓани овде , имено: идејата за МКД во ЕУ, од страна на усијаните, површните и пред се лукративните поединци во опозицијата континуирано е доведувана во прашање.

Мислам дека не им работи лепакот. Кампањираат со интензивно предизборно верглање: не била фер ЕУ; они ќе им кажеле како треба ЕУ да функционира; отекоа со тоа дезинформативната лажга за „бугарски диктат”; и слични патос драмолетки, полни со отсуство на самодоверба и пред сè, преполни со плураслитичко незнаење. Тоа – плуралистичкото незнаење, има тенденциозна намера луѓето да ги доведе до состојба на колективен илузионизам, и редовно е промовирано од центрите на пропагандата. Така, плуралистичко незнаење се наметнува како општ впечаток, но, за една сосем погрешна претпоставка – дека, повеќето од нашите граѓани се согласуваат со фактички малцинското анти-ЕУ мислење. Не е така. Затоа и го именуваме како ПЛУРАЛИСТИЧКО НЕЗНАЕЊЕ. Бидејќи, фактички малцинската, но, актуелна опозициска нарација, низ медиумите и преку, неутроните, погрешно е претсавена како да е мнозинска позиција (демек, сите се согласуваат со нив, демек тоа е општ впечаток, демек анкетите бла бла… ). И во овој психо-социјален инжињеринг, неуторните , се најголемите далаверџии, баш поради тоа што се свесни за фактите: дека ова антиЕУ е едно малцинско мислење, а не мнозински впечаток. И тоа се продава, божемски е општ мнозински став. Со тоа, тие прават непоправлива штета – и за нив самите. Зарем не?

Сакам да кажам, тука во земјава сè уште НЕ ПОСТОИ КОЛЕКТИВНА ИЛУЗИЈА ДЕКА ЕУ НЕ Е НАШИОТ НАЈДОБАР ИЗБОР, туку, она што го сведочиме е лош обид да се создаде една таква илузија.

На ова се работи деноноќно, иако, со евтини магионичарски трикови кои имаат источен мирис. И медиумските ескадрили на лагата вклучени во активна стимулацијата на „плуралистичкото незнаење” се и меѓу главните причини за разидувањето помеѓу „јавното однесување” и „приватните мислења” на овие „пунктови на НЕМОЌ”.

Немоќни сте, факат!
Барем не колку што сакате да се прикажете.

Затоа што сте предизвикани од конзервативните заостанатости, и соочени со реалните либерални коперникански скокови и конечно, позиционирани на лесно верификувачка социјална идентификација (прогресивци/демократи/ либерали наспроти регресивци/конзерви/авторитарци).
Вашата немоќ е тешко видлива, но, не е и непостоечка.

Инжињирањето на „плуралистичкото незнаење”, што ja има тенденцијата да припишува ЛАЖНО СОВПАЃАЊЕ на верувањето со неточните перцепции, но, не и со процесот преку кој се доаѓа до тие неточни перцепции (пропаганда) за жал насамарува и многумина да западнат во неговиот вртлог, и со тоа ќе мора да се справиме сите што се иднeнтивикуваме како демократска и прогресивна јавност. Има доста работа тука.

Кога плуралистичкото незнаење, на пример, прави илузија дека, е доведена во прашање македонската стратешка цел, во никој случај не може тоа да значи и дека реално ќе го посведочиме и деструктивниот успех на процесот. Напротив. И тоа мора да биде јасно и јавно кажано, соочено со вистината за неговата немоќ.
Погледнете, на пример, како неуморно и континуирано добиваме помош од нашите стратешки партнери. Тие, сè уште не се откажуваат од нас. Да нема дилеми, тоа е и заради нивните безбеносни интереси, но и нам ни е во корист. Слично, безбедносните проценки – регионални, глобални, и во услови на втора ладна војна, подразбираат тоа дека експериментални проби не доаѓаат во обзир. Особено не за САД.

Со други зборови, ако антиевропскиот филм сè уште продолжи да се емитува преку пропагандно-дезинформативните центри, во предизборието и по него, тука се и нашите „моќни“ пријатели, еве ги денес пак, ќе ни кажат дека така возиме во провалија. О’Брајан, дојден да ни покаже еден важен сообраќаен знак, како да не застраниме од европскиот пат, и секако да нè соочи со ризиците од обратното движење.

Тие ризици се со очигледен линеарен регрес кој би почнал со меѓународна изолација на земјава, што потем би го зајакнала и авторитаризмот и етнопопулизмот, а тоа не може а да не доведе до имплозивна меѓуетничка тензичност – чиј краен исход е неизвесен. И ова одамна е антиципирано од многу сериозните аналитичари кои неуморно предупредуваат. Последно, почитуваниот и умерен, разумен глас на Исмет Рамадани пред некој ден укажа дека : …„ако победи таа опција ….Албанците таму нема да ги има. Мислам искрено да ви кажам, ако јас тоа го велам, може други ќе го кажат уште пооштро, уште поотсечно, дека никаква, дури и природна да биде опцијата за такво нешто, Албанците таму ги нема”… Рамадани, воопшто не е осамен со своите впечатоци, и јас ги делам со него. Не-осаменоста, пак, ни дава за право да инсистираме на тоа да сето ова со плуралистичкото незнаење биде антиципирано навреме и соодветно пресретнато, а не после да кукаме и да лелекаме.

Конечно, имаме ние супер лепак(ЕУ), и верувам дека уште долго цврсто ќе не лепи. Но, во тоа лепење можеби и Жмиц ќе извиси…
Ќе видиме, многу скоро.


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од Либертас.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто се извини Мицкоски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk