ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) Теодора од МОФ: 88% од младите се свесни од потребата за постојано учење, тоа често го носи и на ново работно место

January 22, 2024 15:37
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во последната епизода од „Што го врти светот?“ Јована со нејзините соговорници се обидува да најде одговор на прашањето Што сакаат младите? Кога е во прашање кариерниот развој. Податоците за дискусијата соговорниците ги вадат од последната анализа на мислењето на над 2000 млади низ целата територија на државата. Со оглед на тоа што и македонската економија, но и светот останува на младите, добро е што некој, конечно ги прашува што им е потребно. Соговорници на Јована се Теодора Столевска директорка на МОФ и Митко Пиштолов, менаџер за развој на вештини во ИЕСЕЦ. Според наодите, над 70% од младите работат на своето место помалку од 3 години. Што е причината за ова? Теодора, како директорка на најголемата младинска организација има свое мислење.

– Веројатно една од причините е желбата на младите постојано да учат. Доколку како млад човек стигнеш до одредена позиција во таа компанија, каде ти повеќе не можеш да учиш и да се надградуваш во конкретната компанија веројатно бараш место каде би можел да напредуваш и да научиш нешто ново. Второ, многу често се случува младите да не се наградени соодветно со своите капацитети. Често тие кога ќе дојдат на работа се помалку платени, соодветно на искуството. Но, многу често кога после 1,2 или 3 години младите ќе го стекнат потребното знаење и вештини, платите во компаниите каде работат не го рефлектираат тоа. Затоа тие си бараат работа некаде каде ќе бидат препознаени и нема вечно да бидат најмладиот човек во компанијата. Но, според мене побитен е фактот дека како млад човек, сакаш постојано нешто ново да учиш.

Податоците го поткрепуваат ова тврдење, бидејќи речиси 90% од младите одговориле дека се свесни за потребата од континуирано учење и надоградување. Токму на ова прашање има најголем консензус помеѓу сите испитаници. Митко пиштолов пак, зборува за потребата од кариерно насочување како системско решение.

– Кариерното насочување треба да биде дел од образовниот систем. Тоа е процес кој нуди 4 работи: искуство, знаење, вештини и правец (насока), за тоа како да одбереме правилна професија која нас ни одговара. Ако го имаме тоа младите ќе можат да ја изберат правата професија.

Сепак, Јована и Теодора имаа малку поинакви гледишта за тоа дали е возможно да знаеме однаред која е правата професија за нас. Слушнете повеќе во најновата епизода на „Што го врти светот?“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

July 8, 2025

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025

Изложба „Beauty spot III“ на Иван Аџиевски

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Град Скопје алармира: Рекордна потрошувачка на вода, масовни диви приклучоци и напад врз советничка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk